fbpx
Таг: Галичица

таг: Галичица

Ќе се расчистуваат дивите депонии на националниот парк Галичица

Директорот на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ Љупчо Грданоски, најави проект во соработка со националниот парк „Галичица“, за расчистување на бројните диви депонии на потегот околу селото Рамне како и на патот за селото Велестово. „Во преговори сме со раководството на националниот парк „Галичица“ да изработиме еден заеднички проект за расчистување околу селото Ремне како и на патот за селото Велестово,...

Параглајдерист паднал на Галичица и со тешки повреди бил пренесен на лекување

Вработени во Националниот парк „Галичица“ вчера пријавиле дека на планината Галичица паднало лице со параглајдер кај месноста Баба, информира СВР Охрид. „Екипа на униформирани полициски службеници од СВР Охрид, веднаш е упатена на посоченото место и известена е планинарската служба за спасување како и Итната медицинска помош. На местото викано Баба, во контактибилна состојба е затекнато лицето О.В. ( 37)...

Граѓани утре ќе протестираат против спорниот хотел во Лагадин

Со почеток точно напладне, утре пред градилиштето на спорниот хотел во охридската населба Лагадин и во непосредна близина на планираната локација за Медитеранска плажа, група граѓани ќе одржат протест за одбрана на Лагадин и на охридското крајбрежје од понатамошна урбанизација и девастација. И покрај тоа што повод за овој мирен протест е изградбата на спорниот хотел, протестот има цел да...

Два земјотреси синоќа и утрово во Охридско

Земјотрес со магнитуда од 2,2 степени се случил во 5.53 часот на 9 километри североисточно од Охрид и 4 километри источно од селото Косел. Земјотресот бил на длабочина од 11 километри, вели Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар. Речиси на истото место, земјотрес се случи и вчера во 21.48 часот, а тој имал сила од 2,7 степени по Рихтеровата скала. Локацијата била речиси иста...

Нов земјотрес на северот од Галичица

Земјотрес со магнитуда од 2,5 степени се случил во 12.13 часот на северниот дел на планината Галичица. Епицентарот бил на 9 километри северозападно од Ресен и 8 километри северно од селото Јанковец, а потресот се случил на длабочина од 2 километри, известува Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотрес со сила од 2,5 степени според европската макросеизмичка скала обично едвај се чувствува од...

Охриѓани против новите градежни зафати, бараат заштита на Студенчишко Блато

Околу 99 отсто од сите 300 анкетирани жители од Охридско сметаат дека промената на деталниот урбанистички план за зголемување на катноста на објектите од хотел „Тино“ до „Милениум палас“ е штетна урбанистичка одлука, која треба да се повлече. Огромен дел од испитаните граѓани, исто така, ги оценуваат предвидените капитални инфраструктурни проекти како исклучиво штетни и непотребни за регионот, покажуваат бројките...

„Еден“: Граѓаните не се информирани за инфраструктурните проекти на Галичица

Граѓаните немаат слушнато за бизнис-планот за националниот парк Галичица, покажува анализата на здружението за заштита на животните и на животната средина „Еден“. Според Драгана Велковска од ова здружение, државните институции сметаат дека нема потреба од нова или дополнителна законска регулатива за заштита на Галичица, но потребно е доследно спроведување на постојната. Повеќе од половината институции сметаат дека акциските планови се спроведуваат, а другите...

Експертите на УНЕСКО ја почнаа контролата на проектите во Охрид

Група експерти на УНЕСКО од денеска се во Охрид каде што вршат увид на повеќе проекти што се во тек или кои се планирани да се реализираат. Експертите на УНЕСКО најпрво го посетиле Националниот парк Галичица, каде разговарале со раководството на јавната установа, но и со претставници на владата. Неофицијално, во НП Галичица се врши увид во однос на два проекти планирани...

Охрид може да се најде на листата на загрозено светско наследство на УНЕСКО

УНЕСКО ѝ даде рок на Македонија до 1 февруари 2017 година да достави извештај за статусот на конзервација и за чекорите преземени за спроведување на препораките и во случај на потврдување на утврдената или потенцијална опасност за природните и за културните добра на Охридскиот Регион. Охридскиот Регион би можел да се најде на листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО,...

Извлечена девојката која падна во провалија на Галичица

Девојка на 21 година, жителка на туристичката населба Пештани, која со друштво била на рекреативно планинарење на планината Галичица, паднала денеска во провалија, при што добила скршеници на раката и други повреди. Девојката е сместена во Општата болница во Охрид, каде ѝ се санирани повредите и е подложена на детални испитувања. Девојката останала подолго време во провалијата, а е извлечена вечерва...

Галичица ги привлекува најголемиот број туристи што го посетуваат Охрид

Најголемиот број странски туристи што го посетуваат Охрид, наоѓаат време да се искачат на Галичица. Патеката која води до врвот сè уште е пристапна, како за почетници, така и за рекреативци и за професионални планинари. - Нема кому не му се допаднала Галичица. На Галичица се добива едно поинакво чувство на слобода. Се добива впечаток дека Охридското Езеро ни е на дланка....

Еколозите со предупредување: Охрид може да биде избришан од листата на УНЕСКО

Еколошките здруженија „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“ предупредуваат дека постои опасност Охридскиот Регион, наместо на листата на светско културно и природно наследство на УНЕСКО, во февруари следната година да се најде на листата на загрозено наследство. Истовремено, иницираа жалба пред Постојаниот комитет на Бернската конвенција во Стразбур. „Планираните развојни проекти на брегот на Охридското Езеро и во Националниот парк Галичица ќе нанесат штета...

Во УНЕСКО загрижени за состојбата со заштитеното светско наследство во Охрид

Нашиот западен сосед, Албанија, очекува во 2019 година и албанскиот дел од Охридското Езеро да биде ставен под заштита на УНЕСКО. Тоа е интерес и на Република Македонија, поради што во Струга претставници на двете земји ги договараа мeрките за прекугранично управување со сливот на Охридското Езеро заради обезбедување на статусот на УНЕСКО и на тој дел од езерото. И додека во...

Велосипедска тура по падините на Галичица

Третпат на падините на прекрасната Галичица се организира велоспидската тура „Тур де Галичица“. На годинешниот настан, кој е во организација на Велосипедското друштво „Преспа бајк“ од Ресен, потпомогнат од Општина Ресен и од СВГ (Меѓуминистерска работна група за рурален развој од земјите на Западен Балкан) се очекува учество да земат повеќе од 400 велосипедисти од земјата и од Република...

Невладиниот сектор бара референдумска одлука за најавените проекти на Галичица

Невладиниот сектор остро се спротивставува на најавените инфраструктурни проекти во Националниот парк Галичица и бара референдумска одлука за граѓаните на Охрид сами да одлучат за реализацијата на проектите. Во согласност со измените во планот за управување, кои се во завршна фаза, треба да се гради експресен пат, скијачки центар и туристички развојни зони. За тоа беше организирана една јавна расправа...

„Охрид СОС“: За Галичица се расправа празнично и зад грбот на јавноста

Терминот за јавна расправа на предлог-измените на планот за управување со националниот парк Галичица за период 2011-2020 година, 4 јануари, е спорен за граѓанската иницијатива „Охрид СОС“. Забележуваат дека не е ниту во согласност со сите постоечки домашни и меѓународни прописи за уредно консултирање на јавноста кога станува збор за добра од јавен интерес. - На прагот сме да изгубиме три...

Откриена нова пештера на Галичица

Спелеолозите открија нова, до сега не истражена пештера на планината Галичица. Пештерата била откриена во рамки на првиот спелеолошки камп што во организација на СК „Златоврв“ – Прилеп и „Ботом тајм“ – Охрид, се одржа овој месец на Галичица. - Откриена беше нова пропаст во близина на Елшани. Таа не е многу туристичка, малку е ризична за обични посетители, потребна...

Националниот парк „Галичица“ издава дозволи за движење

По големиот шумски пожар пред две недели, ЈУ Национанален парк „Галичица“ издава дозволи за движење низ терените на паркот. Следниот викенд е продолжен, така што интересот е зголемен, а дозволите за движење во границите на паркот можат да се подигнуваат до петок, 31 јули, секој работен ден од 9 до 13 часот во дирекцијата на паркот. При посетата во паркот заинтересираните...

Претставување на биодиверзитетот на Галичица и на Охридско Езеро

Утре, од 10 до 20 часот, на Малиот плоштад во Охрид, домаќините и бројните гости ќе имаат можност, преку соодветна фото-изложба, да го согледаат биодиверзитетот на Национален парк Галичица и на Охридско Езеро. Презентазијата, по повод годинешната тема на Зелената недела на Европската унија, „Природата - наше здравје, наше богатство“, ја организира Општина Охрид, во соработка со Делегацијата на ЕУ...

Галичица – еколошка гаранција за опстанокот на Охридско и на Преспанско Езеро

Планината Галичица е најголемиот еколошки поддржувач и гаранција за опстанокот на Охридско и на Преспанското Езеро. Климатските промени чукаат на врата, а последиците со кои ќе се соочиме ќе бидат големи, доколку не ја заштитиме планината, предупредува екологот Лазо Наумоски. Наумоски смета дека температурата на земјината топка ќе се зголеми од три до пет Целзиусови степени, ќе настане прегрупирање на флората од...

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...