Од Националниот парк „Галичица“ информираат дека на сила стапува забраната за палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор.

„Пресуден фактор за појава на пожарите на отворен простор е човечкиот фактор. Голем дел од пожарите се намерно предизвикани, но и од невнимание. Тргнувајќи од овој факт и фактот дека превентивата е најдобра заштита од појава на пожарите, на сила стапува забраната за палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор. Поради зголемена опасност од појава на пожар во летниот период како и според Закон за шуми, забрането е палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор. Во границите на паркот постојат две излетнички места Корита и Јадера каде е уредено и дозволење на палење оган односно правење скара. Чуварската служба на ЈУ „Национален парк Галичица Охрид“, против оние кои нема да ја почитуваат оваа препорака ќе превземе мерки согласно законот. Строго е забрането плање на стрништата, плевели и други одпадоци,“ се вели во соопштението.

Од таму потсетуваат декаПотсетување казната за ваква активност изнесува од 6000 до 8000 евра за правни лица, а од 1500 до 3000 евра за физичко лице.