fbpx

Димковски: Забраната за движење низ шумите е делумна, изземени се Водно, Гази Баба и НП Маврово, Пелистер и Галичица

-

Парк шумата Водно и шумата на Гази Баба се изземени од делумната забрана за движење низ шумите, која беше донесена минатата недела, бидејќи со нив не стопанисува ЈП Национални Шуми. Таму движењето е слободно имајќи ги секако предвид рестриктивните мерки на Владата против пандемијата, рече на денешната прес-конференција Трајан Димковски, министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, осврнувајќи се на забраната која неговото Министерство ја донесе минтата недела, а со кое се забранува движењето низ шумите и шумските предели во државата. Димковски појасни дека истото важи и за режимот на движење во излетничките места низ државата, односно дека оваа мерка се однесува само на оние делови со кои стопанисува ЈП Национални Шуми, а 90 отсто од шумите отпаѓаат кај нив.

Мерката, како што информираше министерот исто така не ги опфаќа и националните паркови во државата – Пелистер, Маврово и Галичица.

– Делумната забрана за движење низ шумите и шумските предели што ја донесе Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални Шуми последниве две години редовно се носи токму во периодите кога имаме зачестени шумски пожари – рече Димковски.

Целта на мерката е да се спречат пожарите бидејќи само во последниве 30 дена имаме 25 шумски пожари и ја донесовме за да ги заштитиме шумите, одговори министерот на прашањето зошто повторно се објавува ваква забрана кога таа досега не се покажала ефикасна, а сега, во услови на епиемија им го ускратува на граѓаните правото за престој во природа неопходен за нивното здравје.

– Смислата на забраната е да се знае во моментот кои луѓе и со која намена се движат низ планина и дека се таму со дозвола, но нема никакви рестрикции во делот со економските придобивки – рече министерот, истакнувајќи дека сите граѓани кои сакаат да одат во шумите од, како што кажа, економски потреби, поточно за собирање печурки или лековити тревки, треба да побараат дозвола од локалните подружници на ЈП Национални Шуми, кои ги издаваат.

Тој додаде дека ова исто така се однесува и на планинарите и планинарските друштва кога сакаат да пријават тура која би се одвивала во шумите кои се под надлежност на ЈП Национални Шуми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...