fbpx
Таг: Evropska komisija

таг: Evropska komisija

Потребно е час поскоро да се донесат законите за управување со отпадот

За да се избегнат минатогодишните критики од Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот на земјава во 2021 година, државните власти ќе мора да го забрзаат донесувањето на законите за управување на отпадот. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ги најави пред околу еден месец, додека Владата на седницата на 22 декември 2020 ги утврди текстовите...

ЕУ и Обединетото Кралство постигнаа договор за трговска соработка по Брекситот

По интензивни преговори, Обединетото кралство и Европската Комисија (ЕК) денеска, ден пред католички Божик, постигнаа договор однесува на идната трговска соработка со Европската Унија пред крајот на транзицискиот период и официјалниот излез на Британија од ЕУ на крајот на декември. Веста на прес-конференција во Брисел ја објавија Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен и Главниот преговарач на ЕК, Мишел...

Пет години тапка во место реформата во МРТ

Спикерот на Собранието, Талат Џафери, неделава писмено го известил претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Костадин Костадинов, дека постапката за избор на новите членови на Програмски совет на Националната радио-телевизија и на членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиомедиумски услуги треба да се повтори од почеток од деловнички причини. Минатата недела Џафери за агенцијата...

Првата фаза од експресниот пат Градско-Прилеп ќе продолжи да се гради на почетокот од 2021 година

По повеќе од една и пол година застој во градежните работи, првата фаза од изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп се очекува да продолжи да се изведува на почетокот од 2021 година. Тендерот за довршување на делницата меѓу Фаришката и Дреновската клисура долга 10 километри беше распишан на 4 септември, а рокот за доставување на понудите од заинтересираните компании е...

Поништен тендерот за изградба на пругата Бељаковце-Крива Паланка, ќе се распишува нов

Владата се одлучи да го поништи тендерот за избор на изведувач за изградба на втората фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Северна Македонија и Бугарија. За изградба на пругата долга 34 километри меѓу Бељаковце и Крива Паланка од Коридорот 8 ќе се распишува трет по ред тендер за пронаоѓање на најповолен понудувач, но овој пат ќе се бара...

Вчерашниот дефект во скопскиот водовод доаѓа неколку дена по критиките од ЕУ за загубите на вода во земјава

Вчерашниот дефект на затворачот на водоводна цевка со дијаметар ф500мм на булеварот Кочо Рацин во центарот на Скопје повторно го отвори прашањето за тоа во каква состојба се наоѓа водоводната мрежа во нашите градови. Дотраените цевки стари по неколку децении, дивата потрошувачка на вода од несовесните граѓани, отсуството на прецизно мерење на потрошувачката на вода и користењето на питката...

ЕУ бара конкретни чекори за подобрување на слободата на медиумите

Северна Македонија е умерено подготвена во областа на слободата на изразувањето и оствари ограничен напредок во текот на извештајниот период. Вака Европската комисија ја оценува состојбата со слободата на изразувањето во земјава во последниот извештај, кој беше објавен минатата недела. Иако Комисијата смета дека општата клима за работата на медиумите е погодна и овозможува критичко известување, сепак, потсетува на тензијата...

Регионалните депонии никако да заживеат, критики од Европската комисија, Владата трага по финансии

За управувањето со отпадот и оваа година добивме критики во Извештајот на Европската комисија за напредокот на нашата земја кон ЕУ. Во однос на управувањето со отпадот, од ЕК критикуваат дека законите за управање со отпад сè уште не се донесени. „Процесот на воспоставување на интегриран регионален систем за управување со отпад продолжува да се соочува со одложувања како резултат...

Владата реагира откако ЕК во Извештајот за напредокот на земјава побара реформи во МРТ

Владата на вчерашната седница го усвои заклучокот со кој се укажува на јавниот радиодифузен сервис со вклучување на сите засегнати страни и релевантни институции да утврди стратешки пристап за реформа на МРТ и одржливо решение за реструктуирање на долгот на јавниот радиодифузен сервис и за истото да ја информира Европската комисија, преку Секретаријатот за европски прашања, најдоцна до 30...

Китеска: Реформата на јавната администрација е од суштинско значење за напредокот на земјава кон ЕУ

Овој Извештај треба да го сфатиме како обид за освестување и на централната и на локалната власт, за преземање на чекори за подобрување на личната одговорност на раководството и за делегирање на одговорноста на различни нивоа на управување, иако според Извештајот делегирањето на овластувањата за донесување одлуки на средното ниво на управување останува ограничено. Колку ќе сработиме и со...

ЕУ нуди средства за железница, владата повеќе сака да гради патишта

Европската комисија во Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан во делот за нашата земја посочува дека ќе ја финансира изградбата на нова и надградбата на постојната железничка инфраструктура. Во финансискиот пакет вреден 9 милијарди евра, кој за земјите од Западен Балкан ќе бидат достапни преку ИПА III фондовите, но и преку дополнителни грантови и кредити што би ги добиле наредниве...

Политичкото рекламирање во медиумите нотирано и во Извештајот на Европската Комисија

Во Извештајот на Европската Комисија за Северна Македонија, во делот за финансирање на медиумите, постои забелешка за политичкото рекламирање кое може да влијае врз независноста на уредувачката политика на медиумите. „Можноста политичките партии да користат државни средства за рекламирање во медиумите, предизвика загриженост кај медиумските здруженија за можно политичко влијание врз уредувачката политика“, се вели во Извештајот. Извршниот директор на Здружението...

ЕК во извештајот нотира дека Регистарот на онлајн медиуми е во насока на напредок на професионалните стандарди

Во Извештајот за напредокот на земјата за 2020 година на Европската комисија интензивирањето на заложбите за саморегулација се посочува како фактор за напредок на професионалните стандарди и квалитетот на новинарството. Во делот поврзан со слободата на изразување, се нотира и формирањето на Регистарот на онлајн медиуми (promedia.mk) од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за...

Европската комисија не гледа напредок во реформите во транспортот, железницата со најмногу критики

Извештајот за напредокот на нашата земја за 2020 година на Европската комисија (ЕК) е преполн со критики во областа на транспортот. И покрај тоа што е наведено дека Северна Македонија е „умерено подготвена во оваа област“, веднаш потоа во Извештајот се наведува дека потребна е зголемена политичка посветеност за да се испорачаат неопходните секторски реформи во транспортот и да...

Извештај на ЕК: Потребни се поголеми инвестиции во енергетска ефикасност и формирање на посебен фонд

Од Европската комисија (ЕК) добивме позитивни критики за развојот на досегашните политики во енергетскиот сектор. Во последниот Извештај на ЕК за Северна Македонија за 2020 година, во делот Енергија, се оценува дека во енергетскиот сектор е постигнат „добар напредок, особено преку усвојување на законодавството за спроведување на третиот енергетски пакет на ЕУ, за гас и електрична енергија, и се...

Извештај на ЕК: Државата да ги приоритизира реформите за финансиска стабилност и независност на МРТ

Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот на нашата земја за 2020 година упатува забелешки за неспроведување на реформите во Македонската радио-телевизија (МРТ). Во делот за слобода на изразување, ЕК нотира дека минатогодишните препораки остануваат на сила. Прва на листата е токму приоритизирањето на реформите во МРТ преку обезбедување на нејзината финансиска одржливост и независност, заедно со назначувањето на...

ЕК бележи прогрес во Извештајот за напредокот на Северна Македонија, граѓанското општество пофалено

Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2020 година на патот кон зачленување во ЕУ нотира продолжение на реформите, кои се согледани во напорите за зајакнување на демократијата и владеењето на правото, вклучително и со активирање на постојните механизми на контрола преку дискусии и дебати за теми поврзани со клучните политики и законодавството. „За време на...

Европската комисија го презентираше „Зелениот договор“

Европската комисија денеска го презентираше Европскиот зелен договор (European Green Deal) кој е патоказ за претворање на економијата на Европската Унија во одржлива преку претворање на климатските и еколошките предизвици во можности, низ сите сфера. „Тој е повторно потврдување на посветеноста на Европската комисија на справувањето со предизвиците поврзани со климата, кои се клучната задача на оваа генерација. Атмосферата се...

ЕК: Има напредок во слободата на изразување, намален е притисокот врз новинарите

Климата за слободата на медиумите и слободата на изразување е подобрена, со поотворена политичка дебата и покритичко известување во медиумите. Забележан е пад во притисокот врз новинарите. Известувањето од изборните кампањи и поизбалансирано од порано. Владиното рекламирање е прекинато. Клучно е власта да практикува нулта толеранција кон сите инциденти на физички и вербални напади или закани врз новинарите, се...

Утре Брисел ќе препорача отворање на преговори со Македонија

Европската комисија повторно препорачува отворање на пристапните преговори со Македонија, а извештајот за напредокот на земјата е меѓу попозитивните во овој пакет на Брисел, кој, како што стои во извештајот, „јасно ја препознал политичката волја за напредок“, јави Радио Слободна Европа (РСЕ), чии дописници од Брисел имале увид во документот што ќе биде објавен утре во Стразбур. Во него се...

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...