fbpx

Политичкото рекламирање во медиумите нотирано и во Извештајот на Европската Комисија

-

Во Извештајот на Европската Комисија за Северна Македонија, во делот за финансирање на медиумите, постои забелешка за политичкото рекламирање кое може да влијае врз независноста на уредувачката политика на медиумите.

„Можноста политичките партии да користат државни средства за рекламирање во медиумите, предизвика загриженост кај медиумските здруженија за можно политичко влијание врз уредувачката политика“, се вели во Извештајот.

Извршниот директор на Здружението на новинари на Македонија, Драган Секуловски за „Мета“ вели дека овој факт, кој е нотиран во последниот Извештај на Европската Комисија, ја потврдува нивната перцепција дека преку јавните пари за политички кампањи, политичките партии ги корумпираат медиумите и го нарушуваат и така кревкиот медиумски пазар.

„Ставовите на членските организации во медиумскиот сектор во однос на прашањето за платено политичко рекламирање се конзистентни години наназад. Преку јавните пари за политички кампањи, политичките партии ги корумпираат медиумите и го нарушуваат и така кревкиот медиумски пазар и сето ова е за жал легализирано со последните измени на Изборниот закон,“ вели Секуловски.

Политичкото рекламирање беше тема на разговор и помеѓу претставниците на ЗНМ и ССНМ со министерот за правда Бојан Маричиќ.

„Побаравме од министерот Маричиќ да се ревидира Изборниот законик во овој дел со цел да се прекине оваа негативна пракса каде медиумите се користат за да воглавно се шири негативна кампања од страна на политичките опоненти и за тоа на крај да платат граѓаните. Експлицитен пример за злоупотреба на медиумите со решението за платената политичко рекламирање беше и улогата на онлајн медиумите каде вкупно 235 онлајн домеини беа земени предвид според извештаите на ДИК. Добар дел од овие домеини не исполнуваат минимум стандарди за онлајн медиум како што е импресум, јавно објавена информација за сопственичка структура, контакт и слично. Ова е уште еден доказ дека политичките партии го ставија јавниот интерес во втор план на штета на професионалните медиуми. Од Министерството за правда очекуваме во наредниот период да бидеме поканети како претставници во неколку работни групи за измена на закони за кое е ова министерство надлежно меѓу кои е и Изборниот законик,“ додаде Секуловски.

Во однос на финансирањето на медиумите, Извештајот ја нотира и забелешката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која посочува дека буџетите за рекламирање се намалуваат. Па оттука, во Извештајот се посочува дека „достапното финансирање предизвикува загриженост за финансиската одржливост на медиумите и за интегритетот и независноста на медиумите. Со оглед на економската состојба, важно е да се продолжи со поддршка на професионално и истражувачко новинарство. На локално ниво, потребни се напори за да се обезбеди независност на медиумите од политичките влијанија.“

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...