fbpx
Таг: Договор од Пржино

таг: Договор од Пржино

„Телма“: Не им се е приклучивме на „Алфа“, „Канал 5“, „Сител“ и на „Алсат“ оти уште се преговара

Сметавме дека не треба да се приклучиме на протестот на националните телевизии затоа што официјално сè уште се водат преговори и се надеваме дека измените во законот ќе бидат поволни за медиумите, е одговорот на директорот и главниот и одговорен уредник на телевизија „Телма“, Атанас Кировски, на прашањето зошто телевизијата не стои зад соопштението на Асоцијацијата на електронски медиуми. Инаку...

Поповски: Резултатот ќе покаже кој бил за демократија

Во еден ваков момент кога сме мета на напади, ние ќе бидеме коректни и нема да издаваме за тоа што се преговара во работните групи. Резултатот ќе покаже кој бил во право и кој е за демократија, а кој не, изјави за „Мета“, Роберт Поповски, претседател на работната група на СДСМ во преговорите на политичките партии во сферата на медиумите. Провладините...

Бејли: Оставките на Мијалков, Јанкулоска и Јанакиески не се доволни

Оставките на двајцата министри и шефот на контраразузнавачкиот сервис беа важни, но, секако, не беа доволни и затоа беше формирано специјално обвинителство заради истрага на прашањето на правна одговорност кое произлегува од прислушуваните разговори, изјави амбасадорот на Соединетите американски држави во Македонија, Џес Бејли во синоќешното интревју во емисијата „360 степени“ на телевизијата „Алсат-М“. „Има процес и во Собранието преку...

Партиите дури денеска почнаа дебата за проблемите во медиумите

ВМРО-ДПМНЕ дури денеска доставила предлози за решенија во сферата на медиумите, па затоа се пролонгира последниот рок за решение на оваа проблематика опфатена со Договорот од Пржино, брифираат извори од преговарачкиет тимови. Се очекува попладнево тие да ги изнесат своите забелешки околу решенијата, по што ќе треба да дебатираат за да ги усогласат ставовите. Според информациите, СДСМ се залага за целосна департизација и...

Попоски до Могерини: ЕУ по изборите во април да ги отвори вратите за преговори

Шефот на македонската дипломатија денеска во Брисел се сретна со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини. Како што соопштија од македонското МНР, на состанокот се разговарало за перспективите во евроинтегративниот процес на Република Македонија, во светлина на неодамна објавениот извештај на Европската комисија. Попоски ја поздравил продолжената препорака за донесување одлука за почеток на...

СДСМ и ЗНМ во вербална војна околу преговорите за медиумите

Во отворена војна деновиве влегоа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и опозициската партија СДСМ, откако еснафското здружение сите партии ги стави во ист кош како виновници зашто не се повикани на преговорите кои за медиумите се одвиваат зад затворени врати во Клубот на пратениците во Скопје. На барањето на ЗНМ, Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот...

Шилегов: По медиумите, ќе се преговара за судовите

Откако ќе завршат преговорите на работните групи за решавање на проблемите во медиумите, политичките партии ќе почнат разговори за судовите, рече Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата пред Владата. - Избирањето на претседатели на судовите денеска само зборува за дволичноста на ВМРО-ДПМНЕ во фазата на разговори и преговори за надминување на политичката криза. Денеска се избира претседател на скопска...

Поповски: Ги исправаме законите кои ЗНМ ги договори со Владата

Ова се преговори на политички партии вклучени во Договорот од Пржино, затоа не гледам смисла во него да бидат вклучени невладини организации и новинарски здруженија, вели Роберт Поповски, член на работната група на СДСМ во разговорите за медиумската сфера. Според него, новинарските здруженија треба да лобираат кај политичките партии за да ги застапуваат нивните интереси, но, сепак, политичките партии треба...

Новинарите ги исвиркаа преговарачите

Дел од новинарите денеска протестираат пред Клуб на пратеници за да бидат вклучени во преговорите на работните групи потписнички на Договорот од Пржино. На повик на ЗНМ, ССНМ и на МИМ, педесетина новинари половина час го блокираа влезот на Клубот на пратеници и својот револт го искажаа исвиркувајќи ги членовите на работните групи. Не е јасно дали под притисок на новинарите, но...

ЗНМ, ССНМ и МИМ денеска на протест пред Клуб на пратеници

Денеска во 11 часот, пред Клубот на пратеници, Здружението на новинари (ЗНМ), Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) ќе протестираат поради тоа што не се вклучени во преговорите на четирите најголеми политички партии за реформи што треба да се случат во медиумите како последица на Договорот од Пржино. Во 12 часот, пак, треба...

Бесими: ЕУ бара почитување на Договорот од Пржино

Вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, денеска се сретна со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. Како што изјави Бесими, Европската унија бара политички дијалог и почитување на Договорот од Пржино. - Денеска беше првата средба по извештајот, а целта беше да информираме како пристапивме по извештајот и што направивме во меѓувреме. Разговаравме и за препораките дадени во извештајот, односно за тоа...

Непрецизно Пржино: Груевски треба да поднесе оставка „навреме“, а Владата „во догледно време“

Работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, деновиве ги затвораат и проблемите во сферата на медиумите. Потоа од Договорот од Пржино, во декември, остануваат да се решат уште две важни одредници: оставка на премиерот Никола Груевски, да се избере нов премиер и да биде поднесено и првото обвиниение од специјалната обвинителка Катица Јанева. Ако се почитуваат сите рокови (а,...

Политичките партии во Законот за медиуми усогласија член за заштита на новинарите

Член што ќе биде вметнат во Законот за медиуми, а кој се однесува на насилството врз новинарите, е усогласен од сите партии кои преговараат во Клубот на пратениците. Ова воедно е прв усогласен член, кој се очекува да стане дел од законот. По членот 8 во законот ќе се додаде нова глава, која гласи: Заштита на новинар. Членот 8-а гласи: (1) Секој новинар мора...

Ванхауте го одложи рокот за медиуми за уште една недела

Денеска беше последен ден од рокот што партиите кои преговараат во Клубот на пратеници, си го зададоа за решавање на проблемите во медиумската сфера. Сепак, според последните информации, големи се шансите тој рок да се пролонгира за една недела. Упатените велат дека причината е што некои партии се неконструктивни и не поднесуваат предлози по кои би требало да се разговара....

За медиумите, сè уште далеку од договор и од решение – утре „нов“ краен рок?

Утре е последен ден до кога треба да финализираат преговорите за медиумската сфера на работните групи потписнички на Договорот од Пржино. Според информациите што доаѓаат од преговарачките тимови, тие сè уште се далеку од договор и од решение за клучните работи кои се интерес на разговорите. Неофицијално се дознава дека договорот за владините реклами ќе оди најтешко. СДСМ смета дека владините...

Средба Заев – Рајхел: Не се дозволиви одложувања на обврските од Договорот од Пржино

Не се дозволиви доцнења и одложувања на обврските од Договорот од Пржино, чие доследно спроведување е клучен услов за фер и демократски избори, било заеднички оценето на денешната средба меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Турција и за државите на ЕФТА, Ернст Рајхел, соопштија од СДСМ. На средбата, како што соопштуваат од...

ЕК го поздрави изборот на новата влада

Европската комисија денеска кусо реагираше на вчерашниот избор на новата влада во Македонија, предвидена со Договорот од Пржино. - Европската комисија беше многу јасна со инсистирањето да се имплементира политичкиот договор што беше донесен со посредништво на еврокомесарот Јоханес Хан во текот на летото. Сите чекори во таа насока ги поздравуваме - рече Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот за проширување и за...

Договорот од Пржино спроведен половично, има уште многу работа

Работните групи на политичките партии денеска продолжија со преговорите за реформи во медиумите, како дел од Договорот од Пржино, и за Рамковниот договор. Пратениците вчера го изгласаа составот на новата влада, а пред неколку дена го усвоија и изборното законодавство. Сепак, остануваат уште низа чекори што треба да се направат за да може целосно да се спроведе договореното: Договор за медиумите во работните групи; Специјалната обвинителка Катица...

Ахмети: Извештајот е огледало на состојбата во Македонија

Извештајот е реално огледало на општата состојба во Република Македонија и обврска за институциите да дејствуваат во согласност со очекувањата на Брисел, оценил лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, кој денеска го примил извештајот за напредокот на земјава од амбасадорот на Европската унија во Македонија, Аиво Орав, соопштија од партијата. Ахмети на средбата со Орав го изразил своето...

ЛП: Извештајот е јасен, напредокот на земјата зависи од легалноста на изборите

Извештајот е реален и недвосмислено ги идентификува бројните и витални моменти во временскиот период од последните избори до денес, кои кулминираа со познатата криза и со Договорот од Пржино, а повторувањето на препораката значи дека Македонија има шанса, со надминување на кризата, да го забрза процесот за почнување на преговорите, се вели во соопштението на Либералната партија (ЛП) во...

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...