fbpx

Политичките партии во Законот за медиуми усогласија член за заштита на новинарите

-

Член што ќе биде вметнат во Законот за медиуми, а кој се однесува на насилството врз новинарите, е усогласен од сите партии кои преговараат во Клубот на пратениците.

Ова воедно е прв усогласен член, кој се очекува да стане дел од законот.

По членот 8 во законот ќе се додаде нова глава, која гласи: Заштита на новинар.

Членот 8-а гласи:

(1) Секој новинар мора да биде заштитен од физички закани или напади.

(2) Кога постојат сериозни индиции дека на новинар може да му биде загрозена неговата безбедност, треба да му биде обезбедена полициска заштита.

(3) Јавното обвинителство и судовите во Република Македонија навремено и соодветно постапуваат во случаите кога новинар добил физички закани или бил физички нападнат.

Разговорите на претставниците на четирите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, за медиумите продолжуваат и денеска во Клубот на пратениците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...