fbpx

„Телма“: Не им се е приклучивме на „Алфа“, „Канал 5“, „Сител“ и на „Алсат“ оти уште се преговара

-

Сметавме дека не треба да се приклучиме на протестот на националните телевизии затоа што официјално сè уште се водат преговори и се надеваме дека измените во законот ќе бидат поволни за медиумите, е одговорот на директорот и главниот и одговорен уредник на телевизија „Телма“, Атанас Кировски, на прашањето зошто телевизијата не стои зад соопштението на Асоцијацијата на електронски медиуми.

Инаку „Телма“ не е потпишана во соопштението од викендов на четирите телевизии со национална концесија, „Алфа“, „Канал 5“, „Сител“ и „Алсат“, за како што тврдат, скандалозните предлози на СДСМ во преговорите околу законските измени во областа на медиумите.

„Телевизиите се шокирани и изненадени од фактот дека некој во 21 век воопшто помислил да предлага закон со кој целосно се урива слободата на изразување и незавиосноста на медиумите, односно да предлага тоталитарни закони непознати дури ниту во најголемите диктатури. Напоменуваме дека слободата на медиумите е еден од основните столбови на демократските држави. Оттука бараме партиите да го отфрлат со индигнација овој срамен предлог на СДСМ и да ги прекинат преговорите сè додека на маса не се стави предлог што ќе води кон либерализација на медиумскиот простор. Доколку не се реагира, односно преговорите за медиумите и понатаму продолжат во насока на воведување партиска диктатура и контрола на медиумите, четирите националните телевизии нема да го следат изборниот процес“, стои во соопштението.

Провладините медиуми викендов објавија документ според кој предлогот на СДСМ е таа партија да предлага три члена од Советот на Агенцијата за медиуми. Според медиумите, во членот 19 од Законот, СДСМ бара претседателот на Агенцијата за медиуми да го избира Собранието по предлог на опозицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...