fbpx

СДСМ и ЗНМ во вербална војна околу преговорите за медиумите

-

Во отворена војна деновиве влегоа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и опозициската партија СДСМ, откако еснафското здружение сите партии ги стави во ист кош како виновници зашто не се повикани на преговорите кои за медиумите се одвиваат зад затворени врати во Клубот на пратениците во Скопје.

На барањето на ЗНМ, Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) кои го искажаа вчера и преку протест, за вклучување на новинарските организации во преговорите за медиуми, партиите не излегоа со позитивен одговор. СДСМ е категорично против вклучувањето на овие организации во преговорите, со изговор дека се работи на разговори помеѓу политички партии во интерес на заштита на јавноста и нејзинот вистинско и објективно информирање. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ засега не се изјаснуваат за ова барање. Од владејачката партија велат дека сепак тоа не зависи само од нив, ако некоја партија не сака новинарите да бидат дел од преговорите. ДПА засега е единствената партија која е за активно учество на еснафските здруженија и невладините организации во разговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино.

Роберт Поповски, член на работната група на СДСМ во разговорите за медиумската сфера вчера за „Мета“ изјави дека политичките партии треба да го завршат процесот на преговарање.

– СДСМ отсекогаш се залага за транспарентност за време на преговорите во работните групи. Затоа, кога ќе бидеме во финална фаза на преговорите, јас ќе барам пауза на секој три-четири часа, за да можам да споделам со јавноста сè што се разговара во преговарачките тимови. ЗНМ беше во преговори со Владата, па сега ние ги исправаме тие закони што ги договориле или кои сакале да ги договараат. Втора работа е тоа дали сите партии се транспарентни? СДСМ се залага за долгорочни решенија во кои медиумите ќе бидат слободни, регулативните тела ќе бидат независни и департизирани – изјави за „Мета“ Поповски.

На оваа изјава експресно одговори претседателот на ЗНМ, Насер Селмани кој на својот „Фејсбук“ профил напиша:

„Не можат да разберат дека времето кога ставовите на ЗНМ се градеа во Бихачка заврши. Издржавме притисок од ВМРО пет години, можеме да се справиме и со притисокот од СДСМ. По ниедна цена нема да поддржиме политички дилови на штета на новинарите и медиумите. Тоа е новото ЗНМ!“, напиша Селмани.

Селмани и во денешнто интервју за Прес24 вели дека неговата реакција била соодветен одговор на изјавите од СДСМ дека ЗНМ ги расипала законите.

– Но јас не сакам повеќе да се занимавам со минатото затоа што од тоа никој нема да има фајде. Најодговорно тврдам дека од 2011 година кога беше избрано новото раководство на ЗНМ во ниту еден момент не сме дозволиле политичките партии да влијаат на нашите ставови. Така ќе биде и во иднина – вели Селмани во интервјуто.

Денеска Поповски не сакаше да реплицира на пишувањето на Селмани и најави дека на брифинг со новинарите ќе го искаже својот став за оваа полемика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...