fbpx

Бесими: ЕУ бара почитување на Договорот од Пржино

-

Вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, денеска се сретна со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. Како што изјави Бесими, Европската унија бара политички дијалог и почитување на Договорот од Пржино.

– Денеска беше првата средба по извештајот, а целта беше да информираме како пристапивме по извештајот и што направивме во меѓувреме. Разговаравме и за препораките дадени во извештајот, односно за тоа што се очекува од нас. Се бара имплементација на политичкиот договор и конструктивно однесување од сите политички партии, особено во однос на функционирање на институциите каде што има претставници на повеќе политички партии. Вториот аспект се идните реформски приоритети што се очекуваат од Македонија, а кои се наведени во извештајот – рече Бесими.

На средбата се разговарало за бегалската криза, како и дека од Македонија се очекува отворен пристап и зајакната координација во однос на поддршката и на планот на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...