fbpx
Таг: Договор од Пржино

таг: Договор од Пржино

Незири: Условената препорака, позитивен сигнал за Македонија

Условената препорака на Европската комисија за Македонија е позитивен сигнал за нашата држава, смета министерот за економија, Беким Незири, и додава дека „наша должност е да ги имплементираме другите задачи што произлегуваат од препораката на Европската унија, за што побргу да станеме нејзина членка“. Дали ДУИ ќе има конкретни предлози и сугестии околу исполнувањето на Рамковниот договор, кој беше споменат во рамките...

Собранието ги изгласа законите од Пржино

Пратениците  во Собранието на пленарна седница ги изгласаа законите кои политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино ги договорија во петокот. Пратениците по скратена постапка гласаа за измени и дополнувања во Изборниот законик, за измени и дополнувања на Законот за кривична постапка, за законот за заштита на приватноста, за законот за заштита на укажувачите и за законот за влада. Најголемите дебати се...

Пратениците се скараа за гласовите на дијаспората

Наместо дискусии и дебатa за Изборниот законик, пратениците вечерва на пленарната собраниска седница меѓусебно се обвинуваа за тоа кој има или нема легитимитет и кој колку реплики и закони предложил. Пратеникот од дијаспората, Павле Саздов, рече дека му е мило што политичките партии одлучиле дијаспората да гласа и дека најточните гласови доаѓале токму од дијаспората, затоа што тие имале активна...

Грчева: Ниту со овој Изборен законик нема надеж за плурализам

Точно е дека оваа политчка криза требаше да заврши со договор, но спорна е процедурата и голем број одредби од Изборниот законик, рече независната пратеничка Солза Грчева на пленарната собраниска седница на која се расправа за Изборниот законик. Според Грчева, Изборниот законик не остава простор за плурализам и за праведен натпревар меѓу сите политички партии. - Исто како во народната изрека „Сложни браќа...

Законите од Пржино ги поминаа собраниските комисии

Завршија комисиските расправи за пакетот закони за кои политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во петокот постигнаа договор. Најдолга расправа имаше за измените на Кривичниот закон и за законот за приватност. Пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери, рече дека законот за приватност не е доволно добар, но за да не го кочат процесот, тие нема да...

Досега се договараа, од денеска почнува спроведувањето на Договорот од Пржино

По неколку недели преговарања, политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во петокот, во раните утрински часови, постигнаа договор по сите точки од договорот од 2 јуни и од 15 јули, кој треба да почне да се применува од денеска. Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи заедно со своите тимови ги договорија изборниот законик, надлежностите на ДИК, законот за...

НСДП: Со имплементација на договорот, ќе почне демократизација на општеството

Извршниот одбор на НСДП на вчерашната седница донел одлука со која го поздравува договорот за поматамошна реализација на обврските преземени од опозицијата и од владејачките партии со Договорот од Пржино. Од партијата изразија поддршка на кандидатите за министри и за заменици-министри од редот на коалицискиот партнер, СДСМ. „Комплетирањето на тимот на специјалниот јавен обвнител и обезбедувањето на сите услови за нормално...

Гарет: Договорот да се спроведе поскоро и со добра волја

Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, како и неговиот американски колега, Џес Бејли, одлучи реакцијата за постигнатиот договор на лидерите на четирите политички партии по точките од Договорот од Пржино, да ја сподели на својот твитер-профил. „Синоќешниот договор за владините функции е добредојден чекор напред. Сега е потребно да се спроведе што е можно поскоро и со добра волја. Добар...

Бејли: Партиите да се фокусираат на спроведување на договореното

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, на својот твитер-профил се огласи со коментар по повод синоќешното постигнување договор од партиите потписнички на Договорот од Пржино. „Минатата ноќ постигнат е значителен напредок во исполнувањето на Договорот од Пржино и во придвижувањето на земјата напред. Откако новите закони ќе бидат донесени, важно е фокусирањето кон нивното спроведување, особено на изборниот законик....

Демократскиот сојуз бара одговорност од актерите на политичката криза

Кризата трае предолго и нејзините генератори мора да се повлечат и да отворат можност за доследно спроведување на принципот на одговорност на сите нивоа, велат од Демократскиот сојуз по синоќа постигнатиот договор меѓу четирите најголеми политички партии околу отворените прашања од Договорот од Пржино. „Македонија не смее и понатаму да биде во заложништво на личните интереси и на интересите на...

Договорениот пакет закони в понеделник во Собрание

Изборниот законик, законот за влада и законите за приватност и за „свиркачи“ в понеделник ќе бидат на дневен ред во Собранието. Како што велат од СДСМ, треба уште еднаш да се разгледаат и да се препрочитаат сите регулативи за кои партиите се согласија вчера, па потоа да се дадат во Собрание за пратениците да ги разгледуваат и да ги потврдат. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Иако е во Приштина, Хан не доаѓа во Скопје и по договорот

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, кој денеска е во посета на Косово, сепак, нема да ја посети Македонија. Од прес-службата од канцеларијата на еврокомесарот, на прашањето „дали ќе ја посети Македонија по вчерашното постигнување на договорот“, кратко одговорија „не“. Хан е во посета на Приштина по повод потпишувањето на спогодбата за стабилизација и за асоцијација на Косово...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...