fbpx
Таг: Договор од Пржино

таг: Договор од Пржино

Ахмети се сретна со Џес Бејли

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера се сретна со американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли. Како што соопштија од ДУИ, се разговарало за преговорите околу Договорот од Пржино, за евроатланската интеграција, верскиот екстремизам, учеството на граѓани на Македонија во странски конфликти и за американските инвестиции во земјава. Ахмети изјавил дека најчувствителните делови од договорот се веќе исполнети, а страните не треба...

Роковите притискаат: Груевски како башпремиер само уште три дена

Медиумите и Државната изборна комисија се последните работи од Договорот од Пржино што треба да се решат пред премиерот Никола Груевски да си поднесе оставка и ВМРО-ДПМНЕ да назначи нов кандидат за оваа функција. Во Договорот од Пржино точно е предвидено дека премиерот ќе се повлече од функцијата 100 дена пред парламентарните избори, кои ќе се одржат на 24 април 2016 година,...

Вајгл: Одложувањето на изборите може повторно да донесе криза

Иво Вајгл и Едвард Кукан денеска им порачаа на македонските политичари дека можат да го одложуваат спроведувањето на Договорот од Пржино, но дека од овој процес нема бегање, објави „Нова ТВ“. Двајцата политичари биле присутни на денешната сесија на Комитетот за надворешни работи во Брисел, а Вајгл го презентираше својот нацрт-извештај за Македонија, кој напролет, кога ќе биде изгласан од...

Бејли загрижен поради пробивањето на рокот за ДИК

Американскиот амбасадор Џес Бејли изрази загриженост поради повторното пробивање на роковите предвидени со Договорот од Пржино. - Загрижен сум поради пропуштениот рок за назначување на Државната изборна комисија (ДИК). Независноста, искуството и експертизата треба да бидат критериум за избор на непартиските претставници – напиша американскиот амбасадор на социјалната мрежа „Твитер“. Бејли истакна дека ДИК треба да заврши многу работи до април...

Сите сакаат свои експерти во ДИК

Партиите потписнички на Договорот од Пржино и денеска ќе продолжат со преговорите во работните групи, кои се одржуваат во Клубот на пратеници, за да ги решат проблемите што се појавија во врска со изборот на членови на Државната изборна комисија. Преговорите за медиумите сè уште се на пауза. Европската унија е загрижена поради застојот во спроведување на Договорот од Пржино, изјави амбасадорот на Европската унија...

Селмани: Предлогот на Ванхауте е прифатлив за ЗНМ

Предлогот на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте за законот за медиуми е прифатлив за ЗНМ, вели претседателот на здружението, Насер Селмани. Тој вели дека во него се вградени најголем дел од нивните забелешки. - Треба јасно да се истакне дека владините реклами ќе бидат забранети со закон, а кампањи од јавен интерес ќе можат да се објават бесплатно на јавниот сервис, откако Советот на Агенцијата за...

Mедиумите на пауза додека не се договори ДИК

Партиите потписнички на Договорот од Пржино денеска ќе продолжат со преговорите во работните групи, кои се одржуваат во Клубот на пратеници, за да ги решат проблемите што се појавија во врска со изборот на членови на Државната изборна комисија. Тоа, пак, ги одложи преговорите на работните групи за медиумите, за кои денеска до пладне немаше закажано средба. Според последните информации, стеснет е кругот на...

Ахмети: Клучните точки од Договорот од Пржино се спроведени

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во партиското седиште во Тетово се сретна со претседателката на Комисијата за надворешни работи и за одбрана на норвешкиот парламент, Аникен Хуитфелд. Ахмети и Хуитфел, како што соопштуваат од партијата, разговарале за актуелната политичка ситуација, имплементацијата на Договорот од Пржино, евроатланската интеграција, како и за билатералните односи и за норвешките инвестиции во Македонија. Лидерот на...

Хан: Ќе дадеме поддршка за преговори ако има успешни избори

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, синоќа во Брисел се сретнал со еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, со кого разговарал за имплементацијата на Договорот од Пржино, приоритетните реформи во Македонија, како и за мигрантската криза. Попоски и Хан, во однос на спроведувањето на Договорот од Пржино, констатирале дека е најважно што поскоро да се договори составот на Државната...

Роковите се стеснуваат, ќе успее ли ДИК да го подготви теренот за фер избори во април

Уште точно 138 дена има до предвремените парламентарни избори закажани на 24 април идната година, а политичките партии сè уште не се договориле за изборот на членовите на Државната изборна комисија. Партиите предложија членови, но не можат да се договорат околу експертите кои треба, исто така, да членуваат во највисокото изборно тело. Според Договорот од Пржино, ДИК треба да ја сочинуваат девет члена,...

Хронологија: Како наместо решение, добивме криза во преговорите за медиумите

По паузата за викенд на преговарачите на политичките партии за медиумите, утре се очекува разговорите за оваа проблематика да продолжат во Клубот на пратеници во Скопје. Политичките партии, пак, и минатата недела не успеаја да се договорат за законите од сферата на медиумите. Според нашите информации, минатата недела се разговарало за реформи во МРТ и во Агенцијата за медиуми, но...

Партиите ќе ја трошат и идната недела за договор за медиумите

Преговарачите на политичките партии и денеска не успеаја да се договорат за законите од сферата на медиумите во рамките на работните групи, чии средби се одржуваат во Клубот на пратеници во Скопје, дознава „Мета“. Според нашите информации, тие разговарале за реформи во МРТ, но сè уште имаат дијаметрално различни ставови за ова прашање. Работните групи вчера не постигнаа напредок ниту во...

Брисел не сака да го коментира предлогот за медиумите на Ванхауте

Европската комисија не сака да шпекулира за деталите од тековните преговори за законот за медиуми, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како го коментираат предлог-законот што го доставил олесувачот Питер Ванхауте, а кој не е во согласност со законите за медиуми на ЕУ. - Продолжуваме со работата што ја правиме како Европска унија, со целосно...

Преговорите за медиумите продолжуваат денеска, на тапет МРТ

Политичките партии денеска продолжуваат со разговорите за медиумите во Клубот на пратеници во Скопје. Според најавите, тие денеска ќе разговараат за реформите во МРТ. Тие, пак, вчера повторно не постигнаa напредок околу спорните прашања, дознава „Мета“. Според нашите информации, преговарачите разговарале за Агенцијата за медиуми, но не постигнале решение. Вчера ВМРО–ДПМНЕ ги повика новинарските здруженија да достават предлози што тие ќе ги претстават на средбите...

Партиите не можат да се договорат ниту за експертите во ДИК

Се намалуваат шансите утре Собранието да ги изгласа членовите на Државната изборна комисија, направена по теркот на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, дознава „Мета“. Според нашите информации, партиите не можат да се договорат за имињата на тројцата експерти што ќе бидат членови на комисијата. Инаку, според договорот, денеска требаше да бидат познати имињата на експертите, а утре да се...

ВМРО-ДПМНЕ бара новинарските здруженија да достават предлози за законот за медиуми

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика ЗНМ, МАН, ССНМ, Агенцијата за медиуми и сите спортски, културни, верски и други организации што се засегнати од законот за медиуми да достават свој предлог до нив за да може оваа партија забелешките да ги стави на маса во Клубот на пратеници пред другите чинители на Договорот од Пржино. Според Илија Димовски, член на работната група на...

Селмани: СДСМ предлага решенија што водат кон поголема партизација и политизација

Здружението на новинари на Македонија не е во војна со никого. Проблемот на СДСМ е што не им се допаѓаат предлозите на ЗНМ за вистински реформи на медиумскиот систем, вели претседателот на новинарското здружение, Насер Селмани, на прашањето дали навистина има војна помеѓу СДСМ и ЗНМ и која е причината за тоа? - Ние предлагаме системски и одржливи решенија, кои ќе ги...

Хронологија: Како преговорите за медиумите завршија во ќор-сокак

Откако ВМРО-ДПМНЕ вчера ги напушти преговорите на политичките партии за медиумите, непознато е дали и кога ќе продолжат разговорите. Сите партии потписнички на Договорот од Пржино чекаат повик од белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, за повторно да се соберат во Клубот на пратениците. Добра волја се очекува и од преговарачите, а во спротивно се заканува колапс на Договорот од Пржино, кој и...

Преговорите за медиумите висат, се чека Ванхауте да ги свика учесниците

Преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино за проблемите во медиумите денеска нема да продолжат, откако ВМРО-ДПМНЕ вчера ја напушти средбата во Клубот на пратениците во Скопје, дознава „Мета“. Според нашите информации, од канцеларијата на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте до партиите било доставено соопштение дека преговори денеска ќе нема. Засега нема ниту информации кога тие би продолжиле. Од...

Од ВМРО-ДПМНЕ ги напуштија преговорите за медиумите, Ванхауте ги чека да се вратат

Набргу по почнувањето, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги напуштиле преговорите за регулација на работата на медиумите. Од извори блиски до преговарачките групи дознаваме дека партијата на власт ги напуштила преговорите затоа што некои од работите кои ги кажал белгискиот олеснувач тие ги сфатиле лично иако тие, всушност, се однесувале на предлозите. Како што брифираат некои од учесниците во преговорите, ВМРО-ДПМНЕ...

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...