fbpx

Од ВМРО-ДПМНЕ ги напуштија преговорите за медиумите, Ванхауте ги чека да се вратат

-

Набргу по почнувањето, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги напуштиле преговорите за регулација на работата на медиумите.

Од извори блиски до преговарачките групи дознаваме дека партијата на власт ги напуштила преговорите затоа што некои од работите кои ги кажал белгискиот олеснувач тие ги сфатиле лично иако тие, всушност, се однесувале на предлозите. Како што брифираат некои од учесниците во преговорите, ВМРО-ДПМНЕ не биле најконструктивната партија и неколку недели „само си играле“.

Од СДСМ велат дека ова е позната стратегија на ВМРО-ДПМНЕ за одбегнување на обврските од Договорот од Пржино.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со стратегијата на одолговлекување и на непочитување на обврските преземени со договорот од 2 јуни од 15 јули. Регулирањето на медиумите е еден од клучните критериуми, без кои не се возможни фер, демократски и регуларни избори. Со ваквото однесување, ВМРО-ДПМНЕ го доведува во прашање Договорот од Пржино“, се вели во соопштението на СДСМ.

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте очекува претставниците на партиите во најкус можен рок да се вратат на преговарачката маса.

Од владејачката партија денеска не беа достапни за изјава да објаснат зошто ги напуштиле преговорите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...