fbpx

Селмани: Предлогот на Ванхауте е прифатлив за ЗНМ

-

Предлогот на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте за законот за медиуми е прифатлив за ЗНМ, вели претседателот на здружението, Насер Селмани. Тој вели дека во него се вградени најголем дел од нивните забелешки.

– Треба јасно да се истакне дека владините реклами ќе бидат забранети со закон, а кампањи од јавен интерес ќе можат да се објават бесплатно на јавниот сервис, откако Советот на Агенцијата за медиуми ќе процени дека кампањата е од јавен интерес – изјави Селмани за „Мета“.

Во однос на тоа дали нивните ставови се пренесени во работните групи, како што вети и побара ВМРО-ДПМНЕ, Селмани одговори дека партиите во неколку пригоди имале можност да се запознаат со нивните барања.

– Нашите ставови се јавно објавени уште пред два месеца. Нашата анализа за медиумскиот систем во Македонија е објавена на веб-страницата на ЗНМ. Освен тоа, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги бојкотираа средбите во работната група со претставниците на новинарите и на медиумите – изјави Селмани.

Денеска партиите потписнички на Договорот од Пржино нема да имаат средба за медиумите затоа што тоа прашање е оставено да се реши откако ќе се изберат членовите на Државната изборна комисија.

Партиите сè уште имаат дијаметрално различни ставови за МРТВ и за Агенцијата за медиуми.

ВМРО-ДПМНЕ ги повика новинарските здруженија да достават предлози што тие ќе ги претстават на средбите на работните групи. Од партијата велат дека нема да прифатат ниту еден закон што значи цензура на медиумите и високи казни за редакциите.

За СДСМ, пак, секој закон кој значи деполитизација и департизација на институциите задолжени за медиумите е добредојден.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...