fbpx

Вајгл: Одложувањето на изборите може повторно да донесе криза

-

Иво Вајгл и Едвард Кукан денеска им порачаа на македонските политичари дека можат да го одложуваат спроведувањето на Договорот од Пржино, но дека од овој процес нема бегање, објави „Нова ТВ“.

Двајцата политичари биле присутни на денешната сесија на Комитетот за надворешни работи во Брисел, а Вајгл го презентираше својот нацрт-извештај за Македонија, кој напролет, кога ќе биде изгласан од Европскиот парламент, ќе стане резолуција.

Кукан вели дека неговата политичка група, Народната европска партија, најголемата во ЕП, ѝ ја дава својата поддршка на сегашната влада за да се најде политичко решение за кризата и да се исполни целиот Договор од Пржино.

„Целосно исполнување на Договорот значи дека, на пример, на 15 јануари 2016 година Груевски треба да даде оставка. Во таа смисла, нашата политичка група го поддржува Груевски за да се исполни договорот, колку и да е тој тежок за примена. Но, тоа е единствениот начин да се излезе од оваа ситуација со политички средства. Токму тука ние го користиме нашето влијание“, заклучува пратеникот кој, заедно со Вајгл и со Ричард Ховит, ќе дојде во Македонија во јануари.

Вајгл вели дека не треба да се драматизира доцнењето ако е тоа кратко и ако не го доведува во прашање процесот од Пржино. Но, според него, ако тоа има последици врз процесот, тогаш тоа е неприфатливо.

Тој додава дека е особено важно најзначајните точки да бидат почитувани во одредените рокови, како оставката на Никола Груевски на 15 јануари 2016 година.

„Изборите мора да се одржат на 24 април 2016 година, како што предвидува Договорот од Пржино и не смеат да се одложуваат, овојпат со несогледливи последици“, вели Вајгл.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...