fbpx

ВМРО-ДПМНЕ бара новинарските здруженија да достават предлози за законот за медиуми

-

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика ЗНМ, МАН, ССНМ, Агенцијата за медиуми и сите спортски, културни, верски и други организации што се засегнати од законот за медиуми да достават свој предлог до нив за да може оваа партија забелешките да ги стави на маса во Клубот на пратеници пред другите чинители на Договорот од Пржино.

Според Илија Димовски, член на работната група на ВМРО-ДПМНЕ, нема да биде прифатен закон во кој ќе бидат внесени високи казни за медиумите и ќе значи цензура за нив.

– Ги информиравме сите партии дека немаме намера да прифатиме закон за медиумите без другите чинетели кои се засегнати од оваа проблематика. Исто така, не се согласуваме со предлогот на белгискиот ослеснувач Питер Ванхауте, чии одредби ги нема во ниту еден европски закон – изјави Димовски.

За Роберт Поповски, преговарач за медиуми од СДСМ, овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив, но смета дека тоа требало владејачкатта партија да го направи пред две-три недели.

– Поради тоа што дури денеска ВМРО-ДПМНЕ ја предлга оваа инцијатива, мислиме дека тоа се случува заради одложување на договорот кој треба да биде постигнат за медиумите. ВМРО-ДПМНЕ минатата недела го одби нашиот предлог за новинарските зздруженија да учествуваат во преговорите на работните групи – изјави Поповски.

На новинарско прашање што мисли како поранешен новинар за изjaвата на Заев, кој како најголем непријател наброја дел од националните телевизии, тој не одговори директно, туку рече дека лошата состојбата со медиумите е зголемена за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Коментирајќи ја вчерашната изјава на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, во која го осудува лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за изјавата дадена за националните телевизии, тој рече дека ова здружение не смее да дава политички квалификации затоа што тоа не е во делокругот на неговата работа.

На новинарско прашање до Илија Димовски дали критички настроените медиуми се непријатели на партијата, тој рече дека неговата партија нема непријатели, а како непријател не го доживува ниту СДСМ. Според него, опозициската партија требало да научи за овие години да не бара непријатели, туку политичките противиници да ги смета за конкурентини.

Денеска напладне, по еден ден пауза, во Клубот на пратеници продложуваат преговорите за проблемите во сферата на медиумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...