fbpx

Хан: Ќе дадеме поддршка за преговори ако има успешни избори

-

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, синоќа во Брисел се сретнал со еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, со кого разговарал за имплементацијата на Договорот од Пржино, приоритетните реформи во Македонија, како и за мигрантската криза.

Попоски и Хан, во однос на спроведувањето на Договорот од Пржино, констатирале дека е најважно што поскоро да се договори составот на Државната изборна комисија (ДИК) и со носење Закон на медиуми да се најде решение за медиумската состојба во Македонија.

Еврокомесарот на средбата изразил задоволство од развојот на настаните во македонската држава и, како што соопштуваат во МНР, рекол дека Европската комисија и ЕУ ќе дадат силна поддршка за почеток на преговорите за членство во Унијата доколку се спроведат приоритетите и изборите минат во најдобар ред.

Попоски и Хан, во однос на бегалската криза, констатирале дека е подобрена комуникацијата со соседните земји на Македонија и оти ова прашање ќе мора да биде затворено на ниво на Европска унија, односно со нивна помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...