fbpx

Ахмети се сретна со Џес Бејли

-

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера се сретна со американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли. Како што соопштија од ДУИ, се разговарало за преговорите околу Договорот од Пржино, за евроатланската интеграција, верскиот екстремизам, учеството на граѓани на Македонија во странски конфликти и за американските инвестиции во земјава.

Ахмети изјавил дека најчувствителните делови од договорот се веќе исполнети, а страните не треба да бараат оправдувања за да го запрат целосното спроведување на обврските.

Ахмети повторно ја истакнал потребата од решавање на прашањето за името, како единствена пречка за зачленување на Македонија во НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...