fbpx

Ванхауте го одложи рокот за медиуми за уште една недела

-

Денеска беше последен ден од рокот што партиите кои преговараат во Клубот на пратеници, си го зададоа за решавање на проблемите во медиумската сфера. Сепак, според последните информации, големи се шансите тој рок да се пролонгира за една недела. Упатените велат дека причината е што некои партии се неконструктивни и не поднесуваат предлози по кои би требало да се разговара. Затоа белгискиот олеснувач Питер Ванхауте дал уште една недела рок, за сите партии да поднесат свои предлози и по нив да се разговара.

Неофицијално се дознава дека договорот за владините реклами ќе оди најтешко. СДСМ смета дека владините реклами до изборите треба да запрат, како на јавниот сервис, така и на комерцијалните телевизии.

Власта, пак, не се согласува со тоа и се залага тоа да биде ограничено само на „Македонската радио-телевизија“, но не и на приватните телевизии, весниците и на порталите.

Сè уште е далеку од решение и прашањето поврзано со улогата на МРТВ и промените што треба да се случат во информативната редакција и во првиот програмски сервис.

Се разговара и за начинот на финансирање на МРТВ и за тоа дали тоа да биде како досега, со радиодифузна такса, или, пак, да се обезбеди посебна ставка во буџетот.

Партиите треба да го договорат законот за медиуми, како и измените во Агенцијата за медиуми и во Македонската информативна агенција (МИА).

Претходно, претставници на медиумите и на новинарските здруженија во Клубот на пратеници имаа средба со белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, на која го информирале за реформите што треба да се направат за да се подобри состојбата со медиумите.

Како што веќе објави „Мета“, МРТВ го прекина објавувањето владини реклами и кампањи финансирани од буџетот на Република Македонија.

Според наши извори, вработените на МТВ пред неколку дена добиле наредба да не пуштаат владини реклами во временските интервали што досега биле предвидени за тоа.

Оваа одлука на МТВ стигна по соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми, во кое таа ги извести медиумите дека од 10 ноември 2015 година стапи на сила законот за изменување и за дополнување на Изборниот законик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...