fbpx

МВР вчера издало потврди на 2.589 странски државјани

-

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 2.589 странски државјани, од кои 1.149 се државјани на Сирија, 966 на Авганистан и 474 на Ирак.

Од 19 јуни до вчера издадени се вкупно 261.006 вакви потврди, од кои 160.135 се издадени на Сирици, 57.739 на Авганистанци, 21.702 потврди се издадени на Ирачани, а државјаните од други земји што побарале ваква потврда се во помал број.

Во изминатото деноноќие до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од почетокот на издавањето на потврдите до вчера, до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање право на азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...