fbpx
Таг: Димитар Ковачевски

таг: Димитар Ковачевски

Владата ги замрзна цените на јајцата и оризот, ограничен извозот на јајца

Владата ги замрзна цените на јајцата и на оризот и го ограничи извозот на јајца. Цените се замрзнуваат на нивото на кое биле на 15 март, што значи дека не може да се продаваат по повисоки цени од тие што биле на тој датум. Одлуката ја соопштија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши по денешната владина седница....

Ковачевски во Охрид: Дијалогот значи и отстапки, тешките одлуки се за подобра иднина

Премиерот Ковачевски, по завршувањето на средбата со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, како и по билатералните средби со премиерот Курти и претседателот Вучиќ, во изјава за медиумите, посочи дека е огромна чест и задоволство тоа што Република Северна Македонија е домаќин на состанокот на високо ниво од...

Ковачевски ги пречека Курти и Вучиќ -Евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е од политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид ги пречека косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.  Ковачевски им посака добредојде и успешен разговор, што е важен чекор за консолидација на регионот и неговата европска интеграција. Тој ја потврди важноста која Република Северна Македонија ја придава на одржувањето на овој состанок на високо ниво. Ковачевски го пофали учеството на Косово во...

Ковачевски во Охрид ги пречека Борел и Лајчак: Северна Македонија е фактор на стабилност, местото на земјите од Западен Балкан е во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид, ги пречека Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград - Приштина и за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. Ковачевски е домаќин на состанокот на високо ниво од дијалогот помеѓу Белград и Приштина на кој ќе учествуваат претседателот на...

Намалени цените на тестенините и млечните производи, се чека одлука за шеќерот, оризот и за јајцата

Министерот за економија Крешник Бектеши, кој денеска, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски беа во посета на маркети за да видат дали се почитува одлуката за намалување на цените на тестенините и на млечните производи, кажа дека на почетокот на наредната недела ќе се донесат одлуки и за цените на шеќерот, јајцата...

Минималната плата ќе изнесува 20.175 денари

Минималната плата која досега изнесуваше 18.000 денари од следниот месец ќе се зголеми за 2.175 денари и ќе изнесува 20.175 денари, објави премиерот Димитар Ковачевски. Со ова, минималната плата ќе бележи пораст од 12,55 отсто, а согласно Законот за административни службеници, како што најави Ковачевски, ќе се изврши усогласување и на платите на 27.000 службеници. Зголемувањето на минималната плата во Македонија...

Ковачевски по повод 80 години од депортацијата на македонските Евреи: Никогаш да не се повтори

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, по повод одбележувањето на 80 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта во Треблинка, порача дека никогаш не смее да се повтори злото од 11 март 1943 година, кога започнува депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта во Треблинка. „Згаснатите животи на 7.144 деца, жени и мажи Евреи од нашата држава,...

Ковачевски очекува пратениците да ги поддржат измените за набавка на лекови директно од производител

Премиерот Димитар Ковачевски очекува горливиот проблем на пациентите со цистична фиброза стар 15 години, да има разрешница на 16 март за кога е закажана собраниска седница за законски измени поврзани со набавка на оваа терапија. Инаку, лекот „Трикафта“ за најкритичните пациенти со цистична фиброза пред неколку дена пристигна на Клиниката за детски болести и Клиниката за пулмологија. Ковачевски рече дека со...

Делегација од парламентот на Израел во посета на земјава

Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски денеска се сретнаа со делегација од Кнесетот (парламентот) на Израел, а на средбите била изразена заедничка определба за натамошно унапредување на билатералните односи во повеќе области, меѓу кои ИТ секторот и безбедноста, економијата, туризмот, земјоделството. Членовите на Кнесетот престојуваат во посета на земјава по повод одбележувањето на 80 годишнината од депортацијата на македонските...

Се намалуваат цените на тестенините и на млечните производи

Цената на тестенините ќе се намали за 8-9 денари, односно минимум за 15 отсто, а намалување на цените од најмалку 10 отсто ќе има и за млечните производи, соопштија на заедничката прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши. Цената на шпагетите и макароните ќе се намали од 13 март и ќе биде на сила до 31 мај,...

Помош од 80 милиони евра од ЕУ за земјава за справување со енергетската криза

Република Северна Македонија доби 80 милиони евра финансиска поддршка од Европската Унија, а парите ќе им помогнат на граѓаните да се справат со барањата кои се појавија како резултат на енергетската криза, изјави денеска евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир. На денешната прес-конференција зборуваа премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата на која учествуваа и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ и министрите-за финансии...

„Бехтел-Енка“ за 1,3 милијарди евра ќе изгради автопати долги 108 километри

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ ќе четири нови автопати во земјава со вкупна должина од 108 километри, за кои ќе бидат издвоени 1,3 милијарди евра, или по околу 12 милиони евра од изграден километар. Конзорциумот ќе гради автопати со шест коловозни ленти на трасите Прилеп-Битола (40 километри), Тетово-Гостивар (17 километри), Требеништа-Струга-Ќафасан (22 километри) и Гостивар-Букојчани (30 километри). Рокот за нивната изведба...

Лорд Стјуарт Пич пристигна во тридневна посета на земјава

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич денеска ја започна тридневната посета на нашата земја. Тој се сретна со претседателот Стево Пендаровски, а на средбата, како што известија од претседателскиот кабинет, се размениле мислења и информации за актуелните прашања поврзани со интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, за соработката и делувањето на двете држави во...

Ковачевски: Сајбер-војната со дојави за бомби во училиштата е дел од војната во Украина

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се сретне со министрите за внатрешни работи и за образование и наука, за да се разгледаат дополнителни мерки за справување со лажните дојави за поставени бомби во училиштата. Тој рече дека оваа сајбер-војна е дел од војната што се води во Украина, бидејќи се случува и кај голем број држави членки на НАТО. „Не сме...

Собранието ги изгласа петте нови заменици-министри

Пратениците во Собранието попладнево ги изгласаа новите заменици-министри во неколку сектори. Тирон Јајага е новиот заменик-министер за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ беше изгласана за заменик-министер за правда, Вјолца Бериша за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева за заменик-министер за здравство и Агим Нухиу за заменик-министер за образование и наука. Со ова беше исцрпен дневниот ред на 104-тата седница...

Рафтовите во маркетите и денеска празни, лебот бргу се троши каде што го има

И денеска во продавниците не се испорачува бел и полубел леб. Откако Владата завчера ја донесе одлуката да се замрзне цената на 33 денари, рафтовите во маркетите останаа празни поради големите производители. Од обиколката што ја направи Мета.мк претпладнево на неколку маркети во Скопје, увидовме дека може да се најде по некоја векна пченкарен или 'ржан леб. Во помалите...

Големите производители не носат леб, помалите ја користат шансата [фото]

Скопските маркети утрово не добија леб од големите производители на овој основен прехранбен производ. Мета.мк направи обиколка на продавниците низ неколку скопски населби и заклучокот до кој дојдовме е дека големите производители на леб, како што се „Жито лукс“, „Уни Лукс“, пекара „Диме“ и останатите фабрики, утринава не доставиле свеж бел и полубел леб до продавниците. Од претпладневната обиколка, свеж...

Цената на лебот се замрзнува на 33 денари, нема веќе повластена цена на струјата за компаниите

Владата ја замрзна цената на лебот на 33 денари и ја укина субвенционираната цена на струјата за компаниите. Со замрзнувањето на цената, белиот и полубелиот леб сечен на париња или цел од 450 грама, ќе биде 33 денари, а под 450 грама до 33 денари по леб во сооднос со тежината на лебот. Замрзнувањето на цената на лебот ќе важи до...

Собранието, по три недели расправа, ги изгласа четворицата нови министри во Владата

На предлог на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, доцна вечерва, со мнозинство гласови, Собранието ги избра четворицата нови министри: Кренар Лога, за министер кој ќе раководи со Министерството за правда; Фатмир Меџити, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство; Азир Алиу, министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација и Каја Шукова, министерка за...

Ковачевски: Големината на човекот е во простувањето

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, дeнеска упати честитка за празникот Велики поклади – Прочка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г Стефан и до членовите на Светиот архиерејски синод и до сите православни верници кои го празнуваат празникот. Како што е наведено во честитката д премиерот, пораката од...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...