fbpx

Ковачевски по повод 80 години од депортацијата на македонските Евреи: Никогаш да не се повтори

Со настаните што се одржуваат во Штип, Битола и Скопје последниве три дена се оддава почит на 7.144 Евреи од Македонија кои за време на Втората светска војна од бугарските војски беа одведени во нацистичкиот логор Треблинка

-

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, по повод одбележувањето на 80 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта во Треблинка, порача дека никогаш не смее да се повтори злото од 11 март 1943 година, кога започнува депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта во Треблинка.

„Згаснатите животи на 7.144 деца, жени и мажи Евреи од нашата држава, меѓу трагичната загуба на над шесте милиони Евреи кои злосторнички се убиени во нацистичките логори низ светот, ќе остана засекогаш вклучен аларм за човештвото. Не смееме да дозволиме каков било облик на нетолеранција, антисемитизам, фашизам. Денес, кога светот се соочува со современи форми на агресија, исклучување, говор на омраза, поттикнати од национални, етнички, верски различности и неправедни наметнувања на едни народи и држави над други – сите сме повикани да бидеме гласни во осудата на овие недемократски пракси во 21 век“, порача Ковачевски во својот пост на Фејсбук.

Еврејската заедница во Македонија соопшти дека настанот ќе биде одбележан со низа активности во текот на целиот денешен ден.

„Осумдесет години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка е настан, којшто не смее да се заборави“, порача Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница на комеморативната програма во Штип вчера.

Со настаните што се одржуваат во Штип, Битола и Скопје последниве три дена се оддава почит на 7.144 Евреи од Македонија кои за време на Втората светска војна од бугарските војски беа одведени во нацистичкиот логор Треблинка.

МОН: Запишувањето вонредни ученици во медицинските училишта се става во мирување

Сите јавни средни училишта во државата кои имаат добиено верификација за изведување на настава од здравствена струка се известени дека запишувањето на вонредни ученици се става во мирување, почнувајќи...
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Free Download WordPress Themes
lynda course free download
download intex firmware
Download WordPress Themes Free
udemy free download