fbpx

Делегација од парламентот на Израел во посета на земјава

Членовите на Кнесетот престојуваат во посета на земјава по повод одбележувањето на 80 годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка

-

Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски денеска се сретнаа со делегација од Кнесетот (парламентот) на Израел, а на средбите била изразена заедничка определба за натамошно унапредување на билатералните односи во повеќе области, меѓу кои ИТ секторот и безбедноста, економијата, туризмот, земјоделството.

Членовите на Кнесетот престојуваат во посета на земјава по повод одбележувањето на 80 годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка.

Фото: Влада на РСМ

„Претставниците од Кнесетот на Државата Израел ги поздравија политиките на дијалог и разбирање, преку кои Република Северна Македонија гради едно општество за сите граѓани на домашен план и ги развива односите со соседите во регионот, што е во функција на одржувањето на мирот и стабилноста во Европа и светот“, се вели во соопштението на кабинетот на премиерот.

Ковачевски на средбата рекол дека покрај стратешките приоритети, членството во НАТО и во ЕУ, Владата има интерес за интензивирање и зајакнување на соработката земјите од Блискиот Исток во сите области од взаемна полза.

На средбата било истакнато дека Северна Македонија, како земја членка на НАТО и активен учесник во меѓународната коалиција, којашто силно ја осудува руската воена агресија врз Украина, како и други земји од регионот и пошироко е изложена на различни хибридни и сајбер-напади, што упатува на соработка и размена на експертиза со странските земји, вклучително и со Израел во областа на сајбер безбедноста и отпорноста.

На состанокот заеднички биле осудени сите форми на тероризам.

„Силно ги осудуваме сите форми на антисемитизам, негирање на Холокаустот и поврзаните искривени толкувања“, изјавил премиерот Ковачевски.

Фото: Кабинет на Претседателот на РСМ

На средбата меѓу делегација од Кнесетот на Израел и претседателот, Пендаровски посочил дека земјава ќе продолжи со своите заложби и политики за сеќавање на Холокаустот и борбата против антисемитизмот, како заедничка историска и цивилизациска одговорност.

На средбата се разговарало за зајакнување на соработката меѓу двете држави на сите полиња, а била посочена улогата на еврејската заедница во земјава.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...