fbpx

Ковачевски ги пречека Курти и Вучиќ -Евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е од политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ

Денешните разговори кои ќе се одвиваат со посредство на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, како и Мирослав Лајчак, специјален пратеник на ЕУ за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, се продолжение на дискусијата од 27 февруари во Брисел, на која беше договорен текстот на првичниот план за нормализација на односите помеѓу двете земји

-

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид ги пречека косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.  Ковачевски им посака добредојде и успешен разговор, што е важен чекор за консолидација на регионот и неговата европска интеграција. Тој ја потврди важноста која Република Северна Македонија ја придава на одржувањето на овој состанок на високо ниво.

Ковачевски го пофали учеството на Косово во дијалогот со Србија и се согласи дека е многу важно да се работи на решавање на овој проблем и забрзување на евроинтегративниот процес за сите земји на Западен Балкан.

На састанокот, Ковачевски истакна дека Северна Македонија е пример за земја која со добрососедски односи, дијалог и компромис постигна историски договори и го отвори патот кон Европската Унија и НАТО. Ковачевски го пофали пристапот на Македонија кој овозможи членство во НАТО, оддржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ во јули минатата година и заштитата на македонскиот јазик и идентитет.

Ковачевски уште еднаш потврди поддршка на Северна Македонија за евроатлантските аспирации на Косово и беше спремен да допринесе во тој правец.

Ковачевски и Курти се согласија дека воените дејства и непријателства, кои се карактеристични за Балканот, треба да станат минато и регионот да продолжи со напредок, добрососедски односи и градење на силна економија што ќе овозможи подобар стандард за сите граѓани.

Ковачевски го поздрави учеството на Србија на разговорите во Охрид и изрази задоволство дека со посредство на Европската Унија се овозможува отворен дијалог кој е од голема важност за регионалната стабилност и безбедност, а кои ќе се чекор напред кон европскиот пат на регионот.

Тој истакна дека Северна Македонија е токму пример за земја која сите отворени прашања со соседите ги решава на мирен и демократски начин, преку дијалог, со цел напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните.

Ковачевски рече дека преку решителни чекори Северна Македонија обезбеди пред сѐ безбедност и континуиран развој, и од заробена и изолирана држава, денес е фактор на стабилност во регионот, со развиени и негувани добрососедски односи.

Тој и претседателот Вучиќ се согласија дека мирот не само во двете земји туку и во целиот регион е важен, а дијалогот е битен за подобрување на односите. Ковачевски и Вучиќ потенцираа дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е од политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ.

Денешните разговори кои ќе се одвиваат со посредство на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, како и Мирослав Лајчак, специјален пратеник на ЕУ за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, се продолжение на дискусијата од 27 февруари во Брисел, на која беше договорен текстот на првичниот план за нормализација на односите помеѓу двете земји.

Според најавената агенда на разговорите во Охрид, прво се предвидени одвоени средби на високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Борел, и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Лајчак со двете делегации, а потоа е предвидена и заедничка средба. По завршувањето на средбите во вилите „Билјана“ и „Охрид“, најавено е обраќање на Борел пред медиумите.

Средби со Борел и со Лајчак ќе има и премиерот Ковачески, а најавени се и тет-а-тет средби со Вучиќ и Курти.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Free Download WordPress Themes
udemy course download free
download intex firmware
Download Nulled WordPress Themes
download udemy paid course for free