fbpx

Намалени цените на тестенините и млечните производи, се чека одлука за шеќерот, оризот и за јајцата

Ковачевски изјави дека утринава се увериле дека намалувањето на цените на тестенините и на млечните производи се почитува од производителите и од трговците

-

Министерот за економија Крешник Бектеши, кој денеска, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски беа во посета на маркети за да видат дали се почитува одлуката за намалување на цените на тестенините и на млечните производи, кажа дека на почетокот на наредната недела ќе се донесат одлуки и за цените на шеќерот, јајцата и оризот.

„Сè уште се прават анализите и најверојатно, ќе бидат готови утре, кон крајот на денот. Согласно податоците, на почетокот на наредната недела ќе се донесат соодветни одлуки ако има простор“, рече Бектеши.

Фото: Влада на РСМ

Ковачевски изјави дека утринава се увериле дека намалувањето на цените на тестенините и на млечните производи се почитува од производителите и од трговците.

„Намалувањето на цените на овие производи битно ќе влијае врз џебот на граѓаните. Се покажа дека владините одлуки се исправни. Лично сакам да се уверам дека се почитуваат и применуваат одлуките, колку за тоа имаат слух производителите, добавувачите и трговците. Нема да дозволиме личен профит врз грбот на граѓаните. Очекувам компаниите да имаат разбирање за општото добро. Владата продолжува да го штити стандардот и интересот на граѓаните. Носиме одлуки кои, длабоко сум убеден, ќе го подобрат животот на граѓаните“, рече Ковачевски.

Фото: Влада на РСМ

Директорот на ДПИ, Горан Трајковски, рече дека од 160 инспектори се на терен низ државата, дека се постапува без никаква селекција и дека засега нема нерегуларности.

Одлуката на Владата за намалување на цените на тестенините и на млечните производи се донесе пред речиси една недела, а од денеска официјално стапи во сила. Во маркетите граѓаните можат да купат за 15 отсто поевтини тестенини (макарони и шпагети) и за 10 отсто поевтини млечни производи (трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; урда; кравјo бело сирење и мешано бело сирење; кравји кашкавал; кисело млеко; павлака и јогурт, без додатоци).

Во случај да се утврди прекршување на одлуките од страна на трговците, според ДПИ, ќе следуваат казни кои произлегуваат од Законот за трговија. Казните изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
lynda course free download
download karbonn firmware
Download Nulled WordPress Themes
udemy course download free