Владата ги замрзна цените на јајцата и оризот, ограничен извозот на јајца

„Во пресрет на претстојните празници Велигден и Бајрам, со цел да се спречи евентуален дисбаланс на домашниот пазар и недостаток на јајца од кокошка, производителите, најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца ќе го пласираат на домашниот пазар“, рече Ковачевски

-

Владата ги замрзна цените на јајцата и на оризот и го ограничи извозот на јајца. Цените се замрзнуваат на нивото на кое биле на 15 март, што значи дека не може да се продаваат по повисоки цени од тие што биле на тој датум.

Одлуката ја соопштија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши по денешната владина седница. Според владината одлука, најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца треба да се пласира на домашниот пазар.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека во последниот период е утврден значаен пораст на цените на ориз и јајца, како резултат на движењата во однос на извоз и увоз на овие производи.

„За таа цел, а во пресрет на претстојните празници Велигден и Бајрам, со цел да се спречи евентуален дисбаланс на домашниот пазар и недостаток на јајца од кокошка, производителите, најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца ќе го пласираат на домашниот пазар, а трговците на мало да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина на јајца што ја набавувале во јануари и февруари 2023 година“, рече Ковачевски.

Министерот Бектеши изјави дека просечната цена на јајцата е околу 8,5 денари и дека најскапото може да оди до 9,8 денари од јајце.

„Тоа зависи од пакувањето и амбалажата, зависно од компаниите, во делот на трошоците кои ги имаат. Многу е важно да се наведе фактот дека е зголемена побарувачката за производство на јајца од нашата држава, а бараат нашите соседи каде цените се од 14 центи до 20 центи и нагоре. Што значи дека ако се дозволи целосен извоз, повеќето ќе го пренасочат производството до соседите“, рече Бектеши.

Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш се укинаа и субвенциите за електрична енергија што ги добиваа компаниите од прехранбената индустрија.

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен маж од...

МЦМС: Mнозинството граѓани сметаат дека безбедноста во земјава е загрозена

Мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67% кај оние...

Со закана со нож 34 годишник силувал дете во Тетово, Обвинителството поведе истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 34 годишник, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години, казниво...

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за внатрешни работи, институции за јавна безбедност, претставници на Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, заеднички...

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен...