fbpx
Таг: ДИК

таг: ДИК

ДИК: Излезноста е 3,28 отсто, на некои гласачки места има проблеми со уредите за биометриска идентификација

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски на прес-конференција истакна дека според податоците кои пристигнале од 1.325 избирачки места до 9.30 часот вкупен број на избирачи кои гласале е 23.468 или 3,28 отсто. Според него, гласањето во најголем дел од нив се одвива непречено, но има пријавени потешкотии со биометриска проверка на секој одделен гласач. „Во одредени избирачки места, кои...

Локалните избори во детали: Советите се бираат во еден круг, за градоначалник можно е да има и втор круг

На Локалните избори 2021 право на глас ќе имаат 1.824.864 гласачи впишани во Избирачкиот список. На седмите по ред избори за градоначалници и општински совети за 80 општини и Град Скопје, граѓаните утре ќе избираат нови градоначалници и општински совети од пријавените 299 кандидати за градоначалници и 10.532 кандидати за членови во општинските совети, покажуваат податоците на ДИК. За да...

Денеска изборен молк, гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата во карантин и самоизолација

Гласањето на Локалните избори 2021 започна денеска со изјаснувањето на болните и немоќните лица, лицата кои се наоѓаат во карантин и самоизолација поради ковид-19, како и лицата кои се во затвор, притвор, раселените лица и лицата во установи за вонсемејно сместување. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), барање за гласање доставиле вкупно 7.921 лица, чии пријави се прифатени од...

Започна изборната кампања за локалните избори

Политичките партии и независните кандидати за градоначалници и општински совети ќе имаат 19 дена за да ги убедат граѓаните постари од 18 години да излезат на гласање и да го дадат гласот за нив. Денеска започна изборната кампања, која ќе трае до 15 октомври. Државната изборна комисија (ДИК) веќе го заклучи Избирачкиот список, а на него фигурираат 1.824.864 гласачи. На...

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список

Граѓаните денеска до полноќ ќе може да извршат увид во Избирачкиот список и да побараат дополнување, бришење или бришење на нивните податоци до Државната изборна комисија (ДИК). Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври. Заклучно со вторник, 7 септември, вкупно 13.502 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 122 барања за запишување во избирачкиот список, 31 барање за...

ДИК: Лицата со попреченост ќе може да се потпишуваат на кандидатските листи и надвор од просториите

Државната изборна комисија (ДИК) извести дека со цел овозможување на целосно остварување на правата на сите граѓани/ки кои сакаат да даваат поддршка за некоја независна листа во постапката за собирање на потписи , вработените во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија кои се сместени во простории каде нема услови за пристап на лица со попреченост, се задолжуваат...

ДИК наскоро ќе го склучи договорот за апаратите за читање отпечаток од прст

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека течат активностите за јавната набавка на фингерпринт апаратите (апаратите што ќе ги читаат отпечатоците од прстите), кои се дополнителна мерка на идентификација на гласачите на изборите. „Вчера пристигнаа претставници на економскиот оператор „ДЕРМАЛОГ“ и во текот на денешниот ден се вршат завршни консултации за финализирање на текстот на договорот и негово потпишување. По ова,...

Талат Џафери ги распиша локалните избори, ќе се одржат на 17 октомври

Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери вчера ги распиша локалните избори во земјава, кои е предвидено да се одржат на 17 октомври. Изборната кампања за избор на новите состави на општинските совети и новите градоначалници на општините и Градот Скопје ќе започне три недели пред денот на изборите. Инаку, собранискиот спикер ги распиша локалните избори денеска, бидејќи од распишувањето...

Поништен првиот, ДИК распиша нов тендер за набавка на апарати за отпечаток од прст за локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) ја поништи првичната постапка што почна во мај и распиша нов тендер за набавка на интегриран систем за биометриска идентификација на гласачите, со проценета вредност од речиси 12 милиони евра. Од ДИК оцениле дека тендерската постапка содржи битни пропусти или недостатоци во првичниот оглас, односно грешки во спецификацијата. Наместо да се бара фирма што ќе набави...

Државната изборна комисија изработи Прирачник за млади гласачи

Инклузивен пристап и мотивирање на поголемо младинското учество во сите изборни циклуси е целта на првиот „Прирачник за млади гласачи“ кој го издаде Државната изборна комисија (ДИК) во соработка Мисијата на ОБСЕ. Прирачникот претставува иницијатива за воспоставување на понепосредна и поголема двонасочна комуникација помеѓу ДИК и младите луѓе, со цел на лицата кои за прв пат гласаат да им...

Обработката на отпечатоци од прсти на изборите треба да добие дозвола од Агенцијата за заштита на личните податоци

И покрај тоа што лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се согласни околу набавката на апарати за отпечаток на прст за претстојните локални избори, Државната изборна комисија (ДИК) и стручните лица повоздржано реагираа во однос на предусловите што треба да се исполнат пред воопшто да се воведе обработката на отпечатоци од прсти на изборите. Од ДИК вчера во изјава за неколку...

Собранието го изгласа новиот состав на ДИК, за претседател е избран Александар Даштевски

Собранието денеска со 95 гласа „за“ и ниту еден „против“ го избра новиот состав на Државната изборна комисија, чиј претседател ќе биде Александар Даштевски кој доаѓа на местото на Оливер Дерковски, а кој е предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Потпретседателка на ДИК останува Дитмире Шеху, на предлог на ДУИ. Во старо-новиот состав на ДИК на предлог на ВМРО-ДПМНЕ е избран и Бобан Стојаноски,...

СДСМ објави дека е постигнат цензус и прогласи победа на изборите за градоначалник во Штип

Постигнат е цензус на изборите за градоначалник во Штип и според Државната изборна комисија, до 18.30 часот, излезноста е 34,30 проценти односно, излегле да гласаат вкупно 14.328 гласачи. Според партискиот штаб на СДСМ до 19 часот гласале над 14.500 граѓани, со што е исполнет потребниот цензус. Иако почнува процесот на броење на гласовите, штипските социјалдемократи тврдат дека нивниот кандидат, д-р...

ДИК: Излезноста до 15 часот во Штип е 23,03, а во Пласница 33,47 отсто од запишаните гласачи

Државната изборна комисија информира дека на предвремените избори за градоначалник на општина Штип и Пласница, до 15 часот во Општина Штип, гласале 9.620 гласачи, односно  23,03, проценти а во Општина Пласница, гласале 1658 гласачи односно 33.47 отсто од запоишаните гласови. До овој момент до Државната изборна комисија не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес.

Во Штип и Пласница денеска за избор на градоначалник гласаат затворениците, болните и немоќни лица

Државната изборна комисија (ДИК) информира дека во текот на денешниот ден за Предвремените избори за Градоначалник на општина Штип и Пласница, своето право на глас ќе можат да го остварат лицата кои се на издржување казна затвор или се во притвор и болните и немоќните лица. „На гласачките места во казнено поправните установи на територијата на РСМ своето гласачко право...

Четири члена на ДИК и сопственик на правно лице под истрага на ОЈО за злоупотреби при јавни набавки

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Јавното обвинителство за гоненење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување, при вршење на јавни набавки“, од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, против четири члена...

Дури 52 портали се пријавиле во ДИК за емитување партиски реклами за изборите во Штип и Пласница

Државната изборна комисија (ДИК) за закажаните предвремени избори за градоначалници на општините Штип и Пласница подготви нов Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и интернет портали што се заинтересирани за емитување на платено политичко рекламирање пред одржувањето на изборите на 13 декември. Во него, запишани се дури 52 интернет портали, 11 телевизии, две радио станици и еден печатен медиум. Во услови...

На 13 декември ќе се одржат избори за градоначалник на општините Штип и Пласница

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го потпиша Решението за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип. Изборите на кои граѓаните ќе ги изберат двата нови градоначалника ќе се одржат на 13 декември 2020 година (недела), информираат од Собранието на РСМ. Решението ќе го спроведат Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија...

ОЈО и МВР ќе проверуваат три фирми за сомнеж дека пред избори отвориле портали за политичко рекламирање

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи изутринава спроведoa координирана акција, при што е одземена документација од три фирми за кои постои основано сомнение дека во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање, информираат од таму. Надлежен обвинител од ОЈО за гонење...

ДИК ги соопшти конечните официјални резултати од одржаните парламентарни избори

Државната изборна комисија (ДИК) на јавна седница денеска ги соопшти конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули. Едногласно од сите членови на ДИК беше усвоен предложениот заклучок за објавување на конечните резултати, откако Управниот суд вчера ги одби сите 185 тужби кои политичките партии ги поднесоа за одржаните избори. По соопштувањето на резултатите,...

Избирачки списоци, оружје и кеш: Изборни манипулации во Охрид и Чашка

Полицијата вчера пронашла фотографии од избирачкиот список со лични податоци на гласачите кај двајца членови на избирачки одбор од Охрид предложени од една политичка партија. Покрај списокот, тие во...