fbpx

Започна изборната кампања за локалните избори

-

Политичките партии и независните кандидати за градоначалници и општински совети ќе имаат 19 дена за да ги убедат граѓаните постари од 18 години да излезат на гласање и да го дадат гласот за нив. Денеска започна изборната кампања, која ќе трае до 15 октомври.

Државната изборна комисија (ДИК) веќе го заклучи Избирачкиот список, а на него фигурираат 1.824.864 гласачи. На изборите во 80 општини и Градот Скопје се потврдени 303 листи за градоначалници и 567 листи за советници во општинските совети.

Инаку, ДИК отфрли две листи за градоначалници, по една во Охрид и Струга, како и шест листи за советници, и тоа по една во Врапчиште, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Струга и Тетово.

На 16 октомври (сабота) ќе гласаат болните и немоќните лица, додека на 17 октомври ќе се одржи првиот круг од локалните избори. Составот на општинските совети ќе биде познат по првиот круг, но доколку ниту еден кандидат за градоначалник не добие повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг, тогаш во овие општини ќе се одржи втор круг од изборите и изборниот ден е на 31 октомври.

На локалните избори за прв пат ќе бидат употребени терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите за да се утврди нивниот идентитет и за да се избегнат неправилности при гласањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...