Талат Џафери ги распиша локалните избори, ќе се одржат на 17 октомври

-

Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери вчера ги распиша локалните избори во земјава, кои е предвидено да се одржат на 17 октомври. Изборната кампања за избор на новите состави на општинските совети и новите градоначалници на општините и Градот Скопје ќе започне три недели пред денот на изборите.

Инаку, собранискиот спикер ги распиша локалните избори денеска, бидејќи од распишувањето на изборите до денот на гласањето треба да има минимум 70 дена, а максимум 90 дена, при што во овој период настапуваат обврските на Државната изборна комисија која треба да го подготви Роковникот за спроведување на изборните активности.

Главното неодговорено прашање пред одржувањето на изборите е што ќе се случи со спорните измени на Изборниот законик. Пратениците се веќе на одмор, па прашањето е дали ќе успеат да ги донесат законските измени во текот на септември.

Инаку, измените на Изборниот законик предизвикаа негативни реакции во земјава, поради поставениот праг од два отсто од гласачите во општинскиот избирачки список за независните кандидати. Според овие законски измени, за некој независен кандидат да може да влезе во изборната трка на претстојните локални избори ќе требаше да собере два отсто од гласачите. Па така, за да може независен кандидат да настапи на изборите во Градот Скопје, наместо сегашните 1.000 потребни потписи, на независните кандидати би им биле потребни над 9.000 потписи.

Измама е дека граѓаните ќе добиваат приходи од даноци

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук, во која се тврди дека граѓаните ќе добиваат приходи од даноци. Преку измислено интервју со министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши се наведуваат граѓаните да инвестираат во...

Бајден издаде превентивни помилувања за заштита на лица кои што се таргетирани од Трамп за одмазда

Претседателот Џо Бајден, кој што веќе ги одбројува своите последни моменти во Белата Куќа, издаде превентивни помилувања за лица кои републиканскиот наследник Доналд Трамп ги таргетирал за одмазда, вклучувајќи го поранешниот...

Дефектот на топлификациската мрежа е во Центар, остатокот од Скопје ќе добие парно

Дефектот на топлификациската дистрибутивна мрежа заради кој утрово цело Скопје остана без парно се случил во Општината Центар, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен. Како што информираат од ЕСМ...

WoW Plunderstorm нуди беплатно отклучување нови скинови за World of Warcraft

Најновиот гејм мод во World of Warcraft - Plunderstorm повторно се враќа. Забавен и брз гејмплеј преку комбинација од Battle Royale, жанрот од играи како Fortnite, и MOBA во стилот на...

Измама е дека граѓаните ќе добиваат приходи од даноци

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук, во која се тврди дека граѓаните ќе добиваат приходи од даноци. Преку измислено интервју со министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши се наведуваат граѓаните да...