fbpx

Пожарите беснеат, шпанска компанија за 400.000 евра допрва ќе ги сервисира противпожарните авиони

-

Дирекцијата за заштита и спасување денеска го потпиша договорот со шпанската компанија „Titan Firefighting Company S.L.“вреден 25.000.000 денари (околу 400.000 евра) за поправки и сервисирање на трите противпожарни авиони што ги поседува земјава, вклучувајќи ги и годишните прегледи.

Договорот е склучен во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас, а оправданоста за ваквиот чекор е „доколку поради крајна итност, предизвикана како резултат на настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди, роковите за другите постапки не може да се применат“.

Итноста за склучување на договорот без претходно објавување на оглас може да се увиди од пожарите кои изминативе денови ја зафатија земјава, а во која досега изгоре површина од неколку илјади хектари, вклучувајќи и огромен дел од шумата во Малешевијата.

Во договорот се наведува дека на денот на јавното отворање на понудите (3 август) понуда доставила единствено шпанската компанија, откако вториот економски оператор доставил ненавремено документација после јавното отворање на 4 август, која не била комплетна.

Инаку, економскиот оператор кој не го добил договорот има право до Државната комисија за жалби по јавни набавки да достави жалба во рок од 10 дена од приемот на одлуката со која е избрана компанијата што ќе ги сервисира противпожарните авиони.

Јавноста во земјава веќе неколку месеци ги критикува надлежните власти поради неажурноста во поправката на противпожарните авиони. Радио Слободна Европа на македонски јазик уште на почетокот од мај годинава пишуваше за проблемот со противпожарните авиони кои и лани, а и годинава не беа сервисирани. Првиот човек на оваа институција Бесим Максути тогаш за Радио Слободна Европа изјави дека постапката за избор на фирма која ќе ги сервисира авионите е во тек и се надева дека до критичните месеци, кога има најмногу пожари, авионите ќе бидат ставени во функција.

Наспроти ваквите најави, изминативе денови на терен големите пожари во земјава се гаснат од земја, додека од небо дејствуваат единствено хеликоптери од земјава и од Србија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...