Фото: Арбнора Мемети

Собранието денеска со 95 гласа „за“ и ниту еден „против“ го избра новиот состав на Државната изборна комисија, чиј претседател ќе биде Александар Даштевски кој доаѓа на местото на Оливер Дерковски, а кој е предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

Потпретседателка на ДИК останува Дитмире Шеху, на предлог на ДУИ.

Во старо-новиот состав на ДИК на предлог на ВМРО-ДПМНЕ е избран и Бобан Стојаноски, а на предлог на СДСМ остануваат досегашните членови Борис Кондарко и Радица Ристеска, како и Оливер Ристовски. Кренар Лога е член на ДИК на предлог на Алијанса на Албанците и Алтернатива.