fbpx

СДСМ објави дека е постигнат цензус и прогласи победа на изборите за градоначалник во Штип

-

Постигнат е цензус на изборите за градоначалник во Штип и според Државната изборна комисија, до 18.30 часот, излезноста е 34,30 проценти односно, излегле да гласаат вкупно 14.328 гласачи.

Според партискиот штаб на СДСМ до 19 часот гласале над 14.500 граѓани, со што е исполнет потребниот цензус. Иако почнува процесот на броење на гласовите, штипските социјалдемократи тврдат дека нивниот кандидат, д-р Сашко Николов е новиот градоначалник на Штип.

-Честитам на граѓаните на Штип што кажаа не на притисокот и на немање став и смелост да се излезе пред граѓаните, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

На Предвремените локални избори не учествуваше ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат. Меѓутоа, партиските членови го следеа текот на изборите и според неофицијални информации, повикаа граѓаните да останат дома. Овие избори остануваат запаметени по најслабата излезност. За илустација, на Локалните избори во 2017 година, кога Благој Бочварски од СДСМ го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Илчо Захариев, излезноста изнесуваше 69,39 проценти.

Според законот, доколку еден од кандидатите успее да освои 50 отсто плус еден глас, тогаш тој ги добива и изборите, во спротивно, во вториот круг на 27 декември, влегуваат првите двајца кандидати.

Во текот на изборниот ден, според набљудувачите на Цивил, регистирани се неколку прекршувања на изборниот молк, како агитирање за кандидати на социјалните мрежи, каде од друга страна се споделуваа повици за бојкот.

Во исчекување на првите неофицијални резултати од Државната изборна комисија, на плоштадот Слобода во Штип е најавена прес-конференција на СДСМ, каде според најавите, се очекува и пристигнувањето на партискиот лидер, Зоран Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...