fbpx

ДИК ги соопшти конечните официјални резултати од одржаните парламентарни избори

-

Државната изборна комисија (ДИК) на јавна седница денеска ги соопшти конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули. Едногласно од сите членови на ДИК беше усвоен предложениот заклучок за објавување на конечните резултати, откако Управниот суд вчера ги одби сите 185 тужби кои политичките партии ги поднесоа за одржаните избори. По соопштувањето на резултатите, сите избрани кандидати за пратеници од денеска попладне ќе можат да ги подигнат уверенијата за пратеници во новиот собраниски состав.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски на јавната седница изјави дека со соопштувањето на конечните официјални резултати завршил процесот за избор на пратеници на предвремените парламентарни избори. Тој напомена дека изборите се одвивале во специфични услови на присуство на пандемијата со ковид-19, но тие завршиле добро. Изборните денови поминале одлично во смисла на нивната организација и немало никакви посериозни забелешки од граѓаните и од набљудувачите на изборниот процес, изјави Деркоски.

Од вкупно 1.814.263 запишани избирачи во Избирачкиот список, гласале 943.750 гласачи. Бројот на неупотребени гласачки ливчиња е 870.513.

Важечки ливчиња се 912.186, а неважечки 31.564.

Со тоа, коалицијата „Можеме“ на СДСМ освоила 327.408 гласови, ВМРО-ДПМНЕ и коалиција 315.344ДУИ 104.699АА-Алтернатива 81.620 гласови, Левица 37.426, ДПА 13.930 гласови, Интегра 12.291, ГДУ 3.555, МОРО 3.245, Глас за Македонија 2.802, Единствена Македонија 2.604 гласови, СДУ 2585, „Твоја“ 1.894, Демократи 1.558 и Народна партија на Роми 1.225 гласови.

Според ваквите официјални конечни резултати, Коалицијата „Можеме“ освои 46, ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12, Левица – 2 и ДПА – 1 пратеник.

Од Коалицијата „Можеме“ во новото собрание влегоа следниве пратеници: Зоран Заев, Фаница Николоска, Миле Талевски, Фадил Зендели, Панчо Минов, Горан Мисовски, Боби Мојсоски, Лолита Ристова, Љупчо Николовски, Сања Лукаревска, Сашко Николов, Даниела Маркоска, Ненад Коциќ, Енес Ибрахим, Кастриот Реџепи, Павле Трајанов, Радмила Шекеринска-Јанковска, Мила Царовска, Бисера Костадиновска Стојчевска, Моника Зајкова, Бети Рабаџиевска Наумовска, Соња Михаиловска, Бастри Бајрами, Илија Николовски, Никола Димитров, Јован Митрески, Дамјан Манчевски, Лазе Таневски, Дарко Каевски, Марија Костадинова, Марија Георгиевска, Коле Чаракчиев, Оливер Спасовски, Јагода Шахпаска, Мухамед Зеќири, Маја Морачанин, Мартин Костовски, Костадин Костадинов, Жаклина Лазаревска, Биљал Касами, Соња Мираковска, Бејџан Иљас, Даниела Колева, Љатифе Шиковска, Љупчо Балкоски и Марија Ангелова.

Од Коалицијата „Обнова“ во новиот собраниски состав влегоа следниве пратеници: Игор Дурловски, Рашела Мизрахи, Силвана Ангелевска, Иванка Василевска, Љупчо Димовски, Здравко Трајанов, Никола Мицевски, Владо Мисајловски, Антонио Милошоски, Бране Петрушевски, Ели Панова, Љупчо Пренџов, Миле Лефков, Ангелинка Петкова, Дафина Стојаноска, Иван Јорданов, Синиша Стојаноски, Зоранчо Јованчев, Дарко Костовски, Ѓорѓија Сајкоски, Златко Пенков, Гордана Сиљановска-Давкова, Ане Лашкоска, Бети Стаменкоска-Трајкоска, Стојан Миланов, Олга Лозановска, Бојан Стојаноски, Даниела Христова, Александар Николоски, Тимчо Муцунски, Дејанчо Ефтимов, Иван Стоилковиќ, Јован Јаулески, Игор Здравковски, Велика Стојкова-Серафимовска, Марија Петрушевска, Игор Јанушев, Александар Велјановски, Благица Ласовска, Кирил Пецаков, Жаклина Пешевска, Петар Ристески, Лидија Петкоска и Јадранка Поцкова.

Од политичката партија ДУИ во новиот собраниски состав влегоа следниве пратеници: Али Ахмети, Арбен Зибери, Бајрам Реџепи, Изет Меџити, Фљорин Бесими, Вјолца Адеми, Арбер Адеми, Арта Билали-Зендели, Бајрам Кадрија, Талат Џафери, Мерита Колчи-Коџаџику, Исмаил Јахоски, Арбана Пашоли, Берат Ајдари и Насер Нуредини.

Од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива во новиот собраниски состав влегоа следниве пратеници: Сурија Рашиди, Хусни Исмаили, Абдула Салиу, Халил Снопче, Ељми Азири, Артина Ќазими, Атнан Незири, Зиадин Села, Африм Гаши, Илире Даути, Скендер Реџепи и Сафије Садики Саини.

Од политичката партија Левица во новиот собраниски состав влегоа како пратеници Димитар Апасиев и Борислав Крмов, додека од Демократската партија на Албанците претставник во новиот собраниски состав е Мендух Тачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...