fbpx

Управниот суд ги одби сите 185 тужби што политичките партии ги поднесоа за изборите

-

Управниот суд ги одби сите 185 тужби што политичките партии ги поднесоа за изборите и ги потврди решенијата на Државната изборна комисија (ДИК). По изготвување на одлуките, тие јавно ќе бидат објавени на веб-страната на Управниот суд.

„Денешните јавни расправи по поднесените тужби од политичките партии: ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција Обнова на Македонија, Единствена Македонија и Коалиција Никогаш Северна само Македонија и Демократи се завршени и изреките на одлуките со кои тужбите се одбиени се јавно соопштени во законски предвидениот рок“, велат од судот.

Претходно Управниот суд извести дека ги одби сите тужби поднесени од Левица, Алијанса/Алтернатива и Интегра.

По одлучувањето на Управниот суд, ДИК треба да ги прогласи конечните резултати од предвремените парламентарни избори. Со прогласувањето на конечните изборни резултати, треба да настапат и министерските смени во техничката влада на Оливер Спасовски во согласност со Пржинскиот договор. Конститутивната седница пак на новото Собрание на РСМ треба да се случи најдоцна до 4 август.

За денар и половина поевтинува дизелот, a бензините за половина денар

Од полноќ малопродажната цена на Еуродизел се намалува за 1,5 денари за литар, а малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на екстра лесното масло...
Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes Free
Download WordPress Themes
udemy course download free
download lenevo firmware
Download WordPress Themes
free online course