fbpx

Дури 52 портали се пријавиле во ДИК за емитување партиски реклами за изборите во Штип и Пласница

-

Државната изборна комисија (ДИК) за закажаните предвремени избори за градоначалници на општините Штип и Пласница подготви нов Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и интернет портали што се заинтересирани за емитување на платено политичко рекламирање пред одржувањето на изборите на 13 декември. Во него, запишани се дури 52 интернет портали, 11 телевизии, две радио станици и еден печатен медиум.

Во услови на тешката ковид криза и огромните задолжувања кон странство што ги прави земјава за да се обезбедат средства за државниот буџет, и за претстојните општински избори политичките партии своите кандидати ќе ги рекламираат со државни пари. ДИК донел само едно решение за одбивање на регистрација на интернет портал во Регистарот, но само поради тоа што медиумот не го доставил барањето за упис во пропишаниот рок до 24:00 часот на 5 октомври.

Како и досега, ДИК со одлука утврди дека сумата што може да му се исплати на еден интернет портал од еден учесник во изборниот процес за претстојните избори за градоначалник не може да биде поголема од 15.000 евра, без вклучен ДДВ. ДИК ги утврди и цените за рекламирање во печатените медиуми, на радио и телевизиските станици за предизборната кампања за избор на градоначалници во Штип и Пласница.

Но, како и за предвремените парламентарни избори, и сега во Регистарот на ДИК можат да се пронајдат англиски и албански верзии на еден ист медиум којшто се пријавиле одделно за емитување партиски реклами, како и идентичен медиум којшто поднел две различни веб адреси до ДИК за внесување во Регистарот. Како и претходно, во Регистарот можат да се најдат поединечни интернет портали, кои се тотални анонимуси во актуелниот спектар на медиуми во земјава.

И додека на дел од овие медиуми им се слатки државните пари и во тешките времиња на корона кризата, Европската комисија во најновиот Извештај за напредокот на земјава има забелешка за политичкото рекламирање финансирано со државни средства, кое би можело да влијае врз уредувачката политика на медиумите.

„Можноста политичките партии да користат државни средства за рекламирање во медиумите, предизвика загриженост кај медиумските здруженија за можно политичко влијание врз уредувачката политика“, се вели во Извештајот на ЕК.

Инаку, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) веќе побараа да се ревидира Изборниот законик, со кои ќе се спречи политичкото рекламирање во медиумите да се плаќа со пари од граѓаните, а ваквите медиуми да служат за ширење на негативна кампања кон политичките опоненти.

Основното јавно обвинителство пред еден месец започна истрага, при што во координација со МВР беше одземена документација од три фирми за кои постои основано сомнение дека во предизборниот период пред парламентарните избори наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање, а потоа политички партии на овие портали со мала посетеност им исплаќале пари за емитуваното предизборно рекламирање.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...