fbpx

Денеска изборен молк, гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата во карантин и самоизолација

-

Гласањето на Локалните избори 2021 започна денеска со изјаснувањето на болните и немоќните лица, лицата кои се наоѓаат во карантин и самоизолација поради ковид-19, како и лицата кои се во затвор, притвор, раселените лица и лицата во установи за вонсемејно сместување.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), барање за гласање доставиле вкупно 7.921 лица, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, како и 476 лица кои се во домашен карантин заради позитивен тест на ковид-19 и лицата на кои им е одредена мерката самоизолација.

Денеска гласаат и 1.899 лица кои се наоѓаат во затвор или притвор во земјава, како и шест раселени лица и 351 лице сместено во установите за вонсемејно сместување.

Инаку, резултатите од денешното гласање ќе бидат објавени заедно со резултатите од гласањето на утрешниот главен изборен ден.

На седмите по ред локални избори во земјава граѓаните ќе избираат нови градоначалници и општински совети од пријавените 299 кандидати за градоначалници и 10.532 кандидати за членови во општинските совети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...