fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Мурал во центарот на Скопје испраќа порака дека децата се заштитени тогаш кога се вакцинирани

Мурал со дете на ролерки, кој оваа недела беше насликан на фасада на зграда во центарот на Скопје симболично ја осликува потребата на родителите и старателите да направат сѐ за да ги заштитат децатa преку нивно вакцинирае. Со муралот, УНИЦЕФ порачува дека за да ги заштитат здравјето и безбедноста на децата, родителите треба да знаат дека редовната вакцинација во детството...

Вистиномер: Вест за возило паднато во Охридското Езеро, стара две години, се објавува како да е денешна

Не е вистина дека вчера автомобил „Тојота“ паднал во Охридското Езеро. Веста која е мошне вирална на социјалните мрежи и беше една од главните вести вчера, е всушност стара, односно настанот се случил пред точно две години, на 27 јуни 2020 година, за што говорат и видео снимките и објавите во медиумите, пишува „Вистиномер“ во својата анализа, објавена вчера. Текстот...

Вистиномер: „Мекдоналдс“ не користи човечко месо во своите производи

Лажното тврдење дека човечко месо се служи во „Мекдоналдс“, кружи на интернет од 2014 година, кога за првпат беше споделено од веб-страница позната по сатирични објави. „Мекдоналдс“ го отфрли ваквото тврдење на својата веб-страница како одговор на прашање во делот „Вашето право да знаете“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук тврди дека познатиот синџир...

Вистиномер: Со монтирана фотографија се дезинформира дека Бил Гејтс бил осуден во Гвантанамо

Фотографијата што се споделува во овој пост на Фејсбук не е од Бил Гејтс, ниту пак, тој бил некогаш осуден во Гвантанамо. Оригиналната фотографија којашто е злоупотребена и фалсификувана во постот,  е извадена од еден видеоматеријал достапен на Јутјуб,  во којшто е претставена смрт со летална инјекција. Доколку проминентна личност како Бил Гејтс била навистина уапсена, тогаш ова би...

Вистиномер: Лажна Фејбук страница на КАМ маркети манипулира со граѓаните преку непостоечка наградна игра

Станува збор за фан страница на Фејсбук во која логото на КАМ маркетите, кое иако е слично, не кореспондира со оригиналното. Истото е злоупотребено и искористено на главната фотографија на фан страницата, која е креирана пред неколку дена. Веднаш по креирањето на фан страницата, почналe да се објавуваат постови за наводни наградни игри со невистинита содржина и манипулација, со...

Вистиномер: Произволно се тврди дека Бајден има двојник

Повеќе светски медиуми известија дека во саботата Бајден паднал од велосипед, додека возел со својата сопруга во близина на неговата викендица во Рехобот Бич во Делавер. На Бајден не му требала медицинска помош, според Белата куќа и немал повреди од падот. Откако станал, како што може да се види од видеото снимено од мал број на фоторерпортери и сведоци,...

Вистиномер: Не е точно дека студија покажала дека 80 проценти од вакцинираните жени имале спонтан абортус

Не е вистина дека според студија на First New England Medicine, 80 проценти од жените што се вакцинирале во првото и второто тримесечје од бременоста имале спонтан абортус. Написот кој се темели на студијата, како што пишуваат странски проверувачи на факти , е повлечен набрзо по објавувањето бидејќи  имало грешка при калкулациите, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го...

Вистиномер: Спајк протеинот од вакцината против ковид-19 не е поврзан со раст на стапката на канцер

Наспроти тврдењето во постот што го рецензираме, вакцините против ковид се испитани и нема линк меѓу нив и зголемена стапка на канцер. На официјалната веб-страница за вакцинација во земјава е посочено е дека вакцините против ковид-19 не може да предизвикаат рак. Во сите упатства за користење на вакцините, ниеден несакан ефект не е канцер. Реномирани медицински стручњаци ги отфрлаат тврдењата дека вакцините може да...

Вистиномер: Религиозен ритуал претставен како педофилија

Не е вистина дека на видеото, споделено во рамките на постот, е прикажан доказ за педофилија. Станува збор за религиозен ритуал, кој иако е контроверзен и поттикнува дебати ширум светот, сепак не вклучува педофилија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се тврди дека е претставен свештеник педофил...

Вистиномер: Фотографија од вежба на борбени авиони злоупотребена за ширење теории на заговор за кемтрејлс

Воопшто не станува збор за авиони од комерцијални летови, туку за борбени авиони кои изведувале вежби и не станува збор за никакви кемтрејлс туку за обични траги од авион предизвикани од кондензација, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Анализираме пост на Фејсбук кој е дел од бројните теории на заговор за „кемтрејлс“, според кои влади и...

Вистиномер: Манипулација со фотографии од споменици во Русија и Хаг

Скулптурата на човечка фигура со различни полови карактеристики и животно налик на мечка на неговата глава се нарекува „И животот е на другата страна“ (And Life Is Over There), и се однесува на стих од песна на Емили Дикинсон. Според авторката Феми Отен, скулптурата не е поврзана со мајчинството. Делото од Хаг, не претставува ода на мајчинството, туку симбол...

Сарацин: Северна Македонија ќе биде главна цел на руските дезинформации

Северна Македонија ќе биде главна цел на руските дезинформации, и тоа можеби е уште едно стратешки отворено прашање за нас. Ова во интервју за Дојче веле го вели Мануел Сарацин, специјалниот претставник на германската влада за Западен Балкан, кој бара напредок во ЕУ проширувањето кон регионот. „Северна Македонија ќе биде главна цел на руските дезинформации, и тоа можеби е уште...

Вистиномер: Mажот во сукња и потпетици не е Шарл Мишел

Фотографијата што се споделува на Фејсбук е направена на 1 јули 2021 година, за време на модната недела Пити Уомо во Фиренца и прикажува еден од учесниците на настанот. Ова е една од  фотографиите споделени на Фејсбук страницата на Пити Уомо со наслов: „Во живо од Pitti Uomo 100“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: На...

Вистиномер: Ненадејната смрт кај возрасните луѓе не е поврзана со вакцината против ковид-19

Не е точно дека вакцинацијата против ковид-19 предизвикува зголемена стапка на смртност од синдромот САДС (синдром на ненадејна аритмична смрт). САДС постои децении пред да се појави пандемијата со коронавирусот и вакцините против ковид-19. Исто така, не е јасно од каде потекнуваат структурите на фотографиите во постот, кои се претставени како абнормални згрутчувања на крвта. Нема докази дека се...

Вистиномер: Нема докази дека Џастин Бибер се парализирал поради вакцината против ковид-19

Странски проверувачи на факти пишуваат дека Бибер не би можел да го добие Ремзи Хант синдромот од вакцината против ковид-19 бидејќи единствениот вирус кој може да го предизвика овој синдром е вирусот варичела зостер. Сајтот пишува дека во случајот на Џастин Бибер не  можеме да знаеме со сигурност дали тој воопшто бил вакциниран. Освен тоа, доколку причината за...

Контраспин: Непостоечки економски геноцид и наводни спасувачки блокади на институциите – спин до спин во говорот на Мицкоски

Иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како што вели во својот говор, самиот се смета за „прв меѓу еднаквите кој ја добил големата одговорност да го предводи народот со бајракот на слободата кон промени и подобра иднина за нашата Македонија“, во својот говор, кој изобилуваше со спинови, не даде доволно елементи кои би ги убедиле граѓаните кои не се...

Вистиномер: Адренохромот се добива синтетички во лабораторија, а не од крв на киднапирани деца

Да се извлече адренохром од живо човечко битие, би претставувало многу комплицирана процедура, со многу чекори за прочистување и операции. Наспроти таквиот начин на добивање, аденохромот е едноставна молекула која може да се синтетизира во лабораторија. Адренохромот е хемиско соединение со молекуларна формула C9H9NO3, кое се добива со оксидација на адреналин (епинефрин). Се користи како лек во форма на...

Вистиномер: Клаус Шваб не бил сниман од скриена камера и не рекол дека во џеб ги има политичарите, медиумите и научниците

Шваб не само што не е снимен од скриена камера и не дава некое бомбастично признание „дека ги има во џеб сите релевантни организации од сите сфери“, туку само дава опис на тоа кои партнери работат и се соработници со Светскиот економски форум. Видеото не е направено како дел од скриено снимање, туку е јавно достапно на Јутјуб каналот...

Вистиномер: Во вакцината на „Новавакс“ нема животинска ДНК

Вакцината против ковид-19 на „Новавакс“, содржи протеин создаден од клетки на молец плус состојка од кора од дрво, којашто е додадена за да се зголеми имуниот одговор. Кога вашиот имун систем ќе се сретне со спајк протеинот, создава антитела против коронавирусот и вака се создава заштита против инфекција со ковид-19. Оваа вакцина не содржи ни жив, ни инактивиран вирус....

Вистиномер: Лажна Фејсбук страница на „Самсунг“, споделува објава за лажна наградна игра

На официјалната Фејсбук страница на „Самсунг Македонија“, не може да се најде објава за ваква нарадна игра. „Вистиномер“ се обрати во „Самсунг“ од каде ни потврдија дека станува збор за лажна објава и дека компанијата нема никаква врска со овие профили, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук, користејќи го логото на компанијата „Самсунг“ споделува...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...