fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Вистиномер: Клик-бејт наслов дезинформира дека е објавена важна информација за оние кои скенираат фискални сметки

сања лукаревска
Не е вистина дека има каква било важна вест за оние што скенираат сметки, како што се тврди во овој пост на Фејсбук. Наведеното за „важната вест за оние кои скенираат сметки“ претставува претерување и е неточно, зашто во постот и во написот не се соопштува никаква важна вест, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме...

Вистиномер: Нема никакви подготовки „за војна со Русија“

Во објавата никаде не се спомнуваше претседателот Стево Пендаровски, ниту, пак, беше цитирана негова изјава која може да го потврди насловот, во кој се вели дека С. Македонија се подготвува за војна со Русија. Oттаму, нејасно е зошто воопшто е ставена неговата фотографија. Но, во самиот напис немаше ништо што објаснуваше дека текстот, насловот и фотографијата не се вистинити....

Вистиномер: „Глобалистите“ не туркаат агенда за легализација на канабисот во Украина – идејата е од пред руската инвазија

Уште пред воената инвазија на Русија врз Украина, постоеле обиди и формални механизми кои биле користени за да се легализира медицинската употреба на медикаменти базирани на канабис во Украина. Во постот што го рецензираме, не постои никаков доказ дека глобалистите истуркале наводна агенда за канабис во Украина. Впрочем, се пропушта контекстот во постот што го рецензираме, на начин што...

Вистиномер: Русија не ѝ се закани на С. Македонија со ракетата „Сармат“

Целиот напис, иако тоа не е потенцирано во него, потекнува од твит на поранешниот вицепремиер на Русија, Дмитриј Рогозин, каде тој ја споменува ракетата „Сармат“, но не и нашата држава. Во твитот на Рогозин, се споменуваат Романија и Црна Гора, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се...

Вистиномер: Не е точно дека министерката Петровска изјавила оти во македонската армија биле откриени руски шпиони

Министерката за одбрана Славјанка Петровска воопшто не дала ваква изјава, ниту, пак, навистина биле откриени руски шпиуни во редовите на македонската армија. Доколку се посети оригиналната страница од каде потекнува написот, се доаѓа до заклучокот дека станува збор за сатиричен напис, што е јасно обележано на крајот од текстот, каде се додава дека сите сличности со реалноста се случајни....

Вистиномер: Со невистинито, изменето видео, се манипулира дека директорот на „Фајзер“ сака да ја намали светската популација

Видеото споделено во постот што го рецензираме е изменето и во него се претставуваат невистинити факти, односно се додаваат зборови кои директорот на Фајзер не ги кажал. Во неизменетата верзија, Бурла не споменува никакви планови за елиминација на половина од човечката популација, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук...

Вистиномер: Вакцините против ковид-19 не се генетска терапија, како што невистинито тврди објава на Фејсбук

Говорот на шефот на фармацевтскиот оддел на Бајер, Стефан Орлих не содржи тврдење дека вакцината против ковид-19 е генска терапија, како што се тврди во објавата што ја рецензираме. Според Орлих, фактот што светската популација ја прифати мРНК вакцината, може да отвори нови патишта за технологии во медицината како генска терапија, технологии кои Бајер ги промовира против болести...

Пописот откри колку луѓе со попреченост живеат во општините, на ред се градоначалниците да им обезбедат услови

На возраст од 0 до 14 години во државата има 1.674 деца со попреченост, 43,5 отсто се луѓе на возраст од 15 до 64 години, а 54,8 отсто се на возраст од над 65 години. На пописот, 38.499 луѓе се изјасниле дека имаат проблем со движењето, 12.371 рекле дека имаат проблеми со видот, 5.947 со слухот, 3.896 со комуникацијата,...

Вистиномер: Сатирична објава за Ковачевски се споделува како да е вистинита, предизвикувајќи говор на омраза

Проблематично во оваа Фејсбук објава е што не е споделен линк од написот, за да можат читателите да прочитаат дека станува збор за сатирична вест, и дека, всушност, Ковачевски не кажал вакво нешто. Наместо тоа, споделен е принтскрин од насловот, а исечен е наднасловот каде што јасно стои дека објавата е измислена и сатирична. Со ова, читателите се доведени...

Вистиномер: На Фејсбук невистинито се тврди дека Обама и Меркел се внук и ќерка на Хитлер

Првото невистинито тврдење е дека Ангела Меркел е ќерка на Хитлер. Адолф Хитлер почина на 30 април 1945 година. Ангела Меркел е родена на 17 јули 1954 година и е ќерка на Хорст Каснер, пастор во протестантска црква. Оттаму, невозможно е Меркел да биде ќерка на Хитлер, со оглед на тоа што таа е родена девет години по неговата...

Вистиномер: Паушално се тврди дека вакцинацијата на децата против ковид-19 е агенда за нивно убиство

Центарот за контрола и превенција на болести на САД ја одобри вакцината против ковид-19 за децата. Извршниот директор и коосновач на „БајоНтек“, Угур Шахин, веќе изјави дека резултатите се „први и единствени откриени долгорочни податоци кои ја демонстрираат безбедноста и ефикасноста на вакцината против ковид-19 кај поединци на возраст од 12 до 15 години“. Мајо клиниката во САД, пак,...

Вистиномер: Не е точно дека поради вакцината на Фајзер e зголемена стапката на канцер, невролошки проблеми и на смрт

Професорот за биологија на канцер, на Мехари медицинскиот колеџ, Доналд Алцендор за „Ју Ес Еј Тудеј“, вели дека нема основа за тврдењето дека вакцината предизвикува канцер. Харвард објави студија која откри придобивки од ковид вакцините за пациентите со рак, а истото го покажа и студијата на Стенфорд објавена во декември. Во однос на наводната смртност по вакцинацијата, портпаролот на Фајзер за...

Вистиномер: Не е вистина дека Бајден потпишувал бланко документи во Белата куќа

Како што пишува Сноупс, видеото на телевизискиот пренос што се споделува на социјалните мрежи е со лош квалитет, а фотографиите од истиот настан што тие успеале да ги најдат потврдуваат дека страниците на извршните наредби што ги потпишува Бајден не се празни, туку испишани, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната...

Вистиномер: Долг ковид постои, а анксиозноста е само еден од симптомите

Во објавата се тврди дека состојбата долг ковид не постои, односно дека таа е еквивалентна на анксиозност. Но, анксиозноста е само еден од симптомите на долг ковид, кои, меѓу другото, вклучуваат (како што наведува Центарот за контрола и превенција на болести на САД) замор, кој го попречува вообичаеното дневно функционирање, треска, потешкотии со дишењето, кашлица, болки во градите,...

Вистиномер: Не постојат посебни маски за мајмунски сипаници

И покрај контекстот во кој се портретираат овие маски како посебни и специјално дизајнирани за мајмунски сипаници, сепак не е вистина дека постојат специјални маски дизајнирани за оваа болест. Лицата заразени со мајмунски сипаници користат обични хируршки маски, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој е споделена...

Гергури: Државите од Западен Балкан не работат доволно за да го заштитат општеството од руската пропаганда

Медиумите на албански јазик не се извор на руски дезинформации, но тоа не можеме да го кажеме за српските медиуми. Земјите од Западен Балкан кои сакаат да го заштитат општеството од руските дезинформации не работат доволно. Ова, меѓу другото, во интервју за Порталб.мк, го изјави новинарот Дрен Гергури, кој е и предавач во Одделот за новинарство на Универзитетот во...

Вистиномер: Лага е дека била уапсена Ненси Пелоси

Фотографијата е направена на 13 јануари 2021 година, во моментот кога Пелоси се враќала од дебатата за импичмент на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп во Вашингтон. Од канцеларијата на Пелоси и од Службата за маршали на САД во изјава за сервисот за проверка на факти на АФП, изјавиле дека фотографијата не прикажува никакво притворање на Пелоси, пишува „Вистиномер“...

Вистиномер: Видео на Фејсбук манипулира со изјавите на Бил Гејтс

Не е вистина дека Бил Гејтс изјавил дека заедно со главниот американски виролог, Ентони Фаучи, убиваат милиони луѓе за да прават пари. Оваа реченица е дел од обраќањето на Гејтс на Минхенската безбедносна конференција во февруари годинава и не е кажана во контекст дека навистина го направиле тоа, туку тој, зборувајќи за дезинформациите поврзани со пандемијата на коронавирусот, ја...

Вистиномер: Нема докази дека вакцината против ковид-19 предизвикала маратонци да колабираат, а еден да почине

Дејли Мејл објавува дека дента кога се одвивал полумаратонот во Бруклин каде што починал маратонецот, бил исклучително топол, со температура од над 30 степени. Медицинските прегледи, според Дејли Мејл, допрво треба да ја утврдат причината за смртта, меѓутоа температурите во Њујорк се искачиле под 60 фаренхајтови до 80 степени утрото, а 90 степени попладнето. Оваа трагедија наметнала и прашање...

Јашари: Изворот на кампањата на евроскептицизам во земјава е Москва

Меѓу кампањите со лажни вести е таа што има за цел да го зголеми скептицизмот кај граѓаните во однос на Европската Унија, изјави директорот на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардиљ Јашари во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, во која се зборуваше за тоа како лажните вести ја поткопуваат демократијата, пишува „Порталб“. „Во Македонија поддршката за ЕУ во 2007 година била над 90...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...