fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Климатски промени: Рекордни отстапувања на просечните температури на воздухот во С. Македонија [инфографик]

С. Македонија се соочува со отстапувања од просечните средногодишни температури на воздухот со години наназад. Климатските промени со кои се соочува целиот свет се присутни и во земјава. Сепак, во 2019 година регистрирани се рекордни позитивни отстапувања на температурите во населените места. Скопје, Гевгелија и Лазарополе ги избравме како три локации (главен град, еден од најтоплите и еден од...

Возовите се најеколошкиот начин на транспорт, но најмалку ги користиме [инфографик]

Железничкиот транспорт е убедливо најмалку користен вид на транспорт во земјава, иако е најеколошко средство за превоз на патници. Покрај автомобилите, кои граѓаните на С.Македонија ги користат за најголем дел од своите патувања, патниот превоз со автобуси е најупотребуваното средство за транспорт. Со автобуси, вклучувајќи го градско-приградскиот, меѓуградскиот и меѓународниот превоз, лани патувале 43.457.000 патници. Такси превозот е исто така...

Заев: Како резултат на заедничката акција на сите, годинава не разговаравме за загаден воздух

Како резултат на активностите на проектот „Акцискиот план - Скопје зелен град“, и на низата други значајни сеопфатни проекти, оваа година не разговараме за загаден воздух во главниот град, односно имаме огромно намалување на бројот на денови со надминати концентрации на ПМ-честички, изјави премиерот Зоран Заев кој беше дел од активноста што ја организираше Град Скопје и градоначалникот Петре...

РКЕ во иднина нема да ја определува крајната цена на струјата, туку само тарифата за пренос и дистрибуција

Големи се изгледите дека наскоро Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги повеќе нема да ја има улогата на регулатор на пазарот на електрична енергија, кој влијае врз крајната цена на струјата што ја плаќаат домаќинствата и малите компании, најавува претседателот Бислимоски. РКЕ во иднина ќе го регулира само тарифниот систем, односно дистрибутивната маржа, а цената на струјата ќе се...

Законот за дивоградби успеа два пати да дојде во Собрание, оние за управување со отпад чекаат половина година

Додека законот за легализација на дивоградбите успеа два пати во изминативе месеци да се најде на седница на Собранието на РСМ и Владата во последен момент го повлече на 29 мај, на власта и опозицијата во парламентот им треба повеќе од половина година за да го стават на дневен ред на собраниска седница сетот од шест закони за управување...

Двојно е поголем бројот на домаќинствата што поседуваат автомобил наспроти велосипед [инфографик]

Статистиката вели дека бројот на домаќинства кои имаат автомобил е повеќе од двојно поголем од оние домови во кои има барем еден велосипед. Според податоците на Државниот завод за статистика, само 30,7 отсто од македонските домаќинства поседувале велосипед во 2020 година. Оваа бројка е за 2,8 отсто помала во однос на 2019 година, а поседувањето на ова превозно средство...

„Метрудхем“ нема да смее да сече метал во Топилница додека не изработи Елаборат за заштита на животната средина

Компанијата „Метрудхем“, сопственик на објектот на велешката Топилница, ќе треба да изработи елаборат за заштита на животната средина, пред да продолжи со сечење на железото од објектите. По инцидентот што се случи минатиот месец кога експлозија и пожар ги вознемирија жителите на градот, капацитетот го посетија државни и локални инспектори, а на сопственикот му беше забрането да продолжи со...

Само 15,5 отсто од испуштените отпадни води од индустријата лани биле пречистени [инфографик]

Негативни бројки за (не)постоењето на соодветен третман на индустриските отпадни води во земјава. По серијата на еколошки инциденти кои се случија изминативе месеци со испуштање на води од индустријата непречистени во реките и езерата, Државниот завод за статистика во официјалниот извештај за 2020 година посочува дека само 15,5 отсто од испуштените отпадни води од индустријата лани биле пречистени. Најголем дел...

Скопје ќе добие студија врз чија основа би се вршеле промени на градско-приградските линии

Градот Скопје денеска го потпиша договорот за изработка на Студија за оптимизација на мрежите на линии на автобускиот јавен превоз во Скопје. Потребата од ваква студија се наметна заради фактот што актуелната мрежа на градско-приградските автобуски линии, според која е организиран јавниот автобуски превоз во Скопје, е направена врз основа на студија која датира од пред точно 40 години...

Колку повеќе трупаме отпад во природата, толку повеќе се оддалечуваме од ЕУ [инфографик]

Наместо да се приближува кон европските стандарди, С. Македонија од година во година сѐ повеќе заостанува зад земјите-членки на ЕУ во делот на управувањето со отпадот. Статистичките податоци покажуваат дека македонските граѓани и компании во континуитет го зголемуваат обемот на создаден комунален отпад, со којшто пак несоодветно се постапува од моментот кога ќе биде фрлено ѓубрето. Наместо да се...

Воздухот во затворени простории може да е позагаден од воздухот надвор

Да се обезбеди чист и квалитетен воздух во затворени простории, особено онаму каде што престојуваат деца, е еднакво важно како и борбата за почист амбиентален воздух. Квалитетот на воздухот што го дишиме дома, во градинките и училиштата или пак на работното место, сериозно влијае на здравјето на луѓето, особено заради фактот што со пандемијата на ковид-19, над 95 отсто...

Поднесени кривични пријави за излевањето моторно масло во Дебарското езеро

дебарско езеро
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека дебарска фирма е обвинета оти го истурила употребеното моторно масло во градската канализација на Дебар, коешто во март годинава заврши во Дебарското езеро и предизвика угинување на живиот свет и жестоки реакции на граѓаните и еколошките организации. „ОВР Дебар поднесе кривична пријава против правно лице од Дебар поради постоење основи на сомнение за...

Нелегалната сеча, криволовот и отпадот се најголеми непријатели на заштитените подрачја

Да се спасат заштитените подрачја и да им се обезбеди помош на управителите да го сочуваат биодиверзитетот, апелираат граѓанските организации. Нелегалната сеча на дрвја, криволовот, оставање на огромни количини отпад од несовесни посетители и загрозување на живиот свет се најголемите опасности со кои се соочуваат овие подрачја во кои се крие најголемото природно богатство на земјата. Екологистите, во деновите...

Селекцијата да не зависи од постојните цени на отпадните материјали, потребен е финансиски одржлив модел

Процентот на селекција на отпадот во земјава не смее да зависи од моменталните цени на отпадните материјали на пазарот, туку неопходен е финансиски одржлив модел. Ова се однесува на неформалните собирачи на отпад, на јавните комунални претпријатија, но и на сите други субјекти кои се вклучени во делот на примарната и секундарната селекција на отпадот, велат од Здружението за...

Постојат 55 претпријатија низ земјава што ги одведуваат урбаните отпадни води, само 17 ги прочистуваат [инфографик]

Од 80 македонски општини, грижата за собирање и одведување на урбаните отпадни води што ги создаваат домаќинствата ја споделуваат вкупно 55 јавни комунални претпријатија. Од нив, само 17 од овие даватели на водни услуги ги прочистуваат ваквите отпадни води, со што не вршат загадување на подземните води, реките, езерата и акумулацииите низ земјава. Овој загрижувачки податок од Годишниот извештај...

Пожар изби во велешката топилница, фирма сече железо, а не се знае дали има запаливи хемикалии

Експлозија и пожар во велешката топилница ги вознемири жителите на градот, кој повеќе од четири децении се бори со последиците од работата на овој индустриски капацитет. Инцидентот се случил вчера, а фотографии како густ чад се издига над објектите на некогашната топилница се проширија по социјалните медиуми. Од Државниот инспекторат за животна средина информираат дека увид на лице место бил...

Свесноста за селекцијата и рециклирањето на отпадот не може да се купи со пари

Во европските земји треба да платите за да депонирате отпадно стакло до рециклаторот, а кај нас компаниите за рециклирање нудат да платат за овој селектиран отпад. И покрај тоа, нема доволно интерес за селекција на отпадот. Овој пример го наведуваат од компанијата АКРОН ДОО, која што се занимава со третман на отпадно стакло во земјава. Тие посочуваат дека во С....

Дивоградбите во заштитените подрачја да се изземат од законот за легализација на дивоградби, предлага Владата

Дивоградбите во заштитените подрачја да се изземат од законот за легализација, е најновиот предлог на Владата, донесен на последната седница, што се одржа вчера. Владата не се откажува целосно од контроверзниот Предлог- закон што во скратена постапка беше изгласан во Собранието, но претседателот Стево Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување. Тој е вратен и повторно ќе се најде...

Според фреквенцијата на возила, Коридорите 8 и 10д не треба да бидат во целост автопати [инфографик]

Додека јавноста ги очекува надлежните институции да излезат со предлог-решението за моделот по којшто ќе се градат новите автопати долж Коридорите 8 и 10д, податоците од изминативе години покажуваат големи разлики во фреквенцијата на возила на поединечни делници на кои е предвидено да се гради автопат. На крајот од март, владата со конзорциумот „Бехтел-Енка“ го потпиша Меморандумот за разбирање...

Селекцијата на отпадот е скапа инвестиција, македонските општини сами не можат да ја покријат

Една канта за отпад од 120 литри чини 10 евра. При непостоење на селекција неопходен е само тој сад за одлагање на отпадот, додека ако се врши селекција на отпадот, тогаш се неопходни минимум три различни контејнери во кои граѓаните ќе треба да го фрлаат ѓубрето. Ова значи и набавка на посебни комунални возила за собирање на селектираниот отпад,...

Уставниот суд пресече, ќе се прегласува на седум избирачки места

Управниот суд ги отфрли како неосновани сите седум тужби на Европскиот фронт кои беа поднесени против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) во однос на парламентарните избори што се...