fbpx
Таг: Белгија

таг: Белгија

Обама: Ќе направиме сè напаѓачите од Брисел да се изнесат пред правдата

Американскиот претседател Барак Обама од Хавана порача дека САД ќе направат сè што е неопходно за напаѓачите од Брисел да се изнесат пред правдата. Белата куќа соопшти дека САД се во контакт со белгиските власти во врска со денешниот терористички напад во Брисел. - Мораме да бидеме заедно, без разлика на националноста, расата или верата во борбата против тероризмот. Можеме и...

Пронајдени експлозивни направи на аеродромот и на други локации во Брисел

Белгиските безбедносни служби пронашле повеќе неексплодирани рачно изработени бомби на бриселскиот аеродром „Завентем“. Според информациите на белгискиот јавен сервис „Ве-те-ем“, најмалку една од бомбите што експлодираа на аеродромот била наполнета со клинци за да однесе повеќе жртви. - Некои од жртвите имаа клинци по своите тела, што укажува дека напаѓачите прицврстиле метал на својата бомба – вели Марк Декрамер од универзитетската болница „Гастхуисберг“. Белгиското федерално обвинителство...

Попоски се сретна со амбасадорката на Белгија во Македонија

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Белгија во Република Македонија, Аник ван Калстер. Попоски изрази длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичките напади во Белгија и најостро ги осуди нападите. „По терористичките напади во Брисел, на аеродромот „Завентем“ и во метрото во Брисел, и по воведувањето на највисокото ниво на...

Црн ден за Белгија: 34 загинати и 136 повредени

Белгискиот јавен сервис „Ве-ер-те“ објави дека е зголемен бројот на жртвите во нападите во Брисел и оти тој се искачил на 34 лица. Дваесет лица се убиени во експлозиите на метро-станицата, а 14 во експлозиите на аеродромот. Во двата напади повредени се 136 лица. Белгискиот премиер Шарл Мишел на прес-конференција изјави дека ова е „црн ден“ за Белгија и ги повика...

Седумнаесет загинати и десетици повредени во експлозии на аеродромот во Брисел

Најмалку 17 лица загинаа, а десетици се ранети во двете експлозии што утринава одекнаа на бриселскиот аеродром „Завентем“, јавува „Раша тудеј“. На сликите што се шират на социјалните мрежи се гледа густ чад како се издигнува од една од аеродромските згради. Белгиски владини извори јавуваат дека станува збор за напад, а портпаролката на белгискиот аеродром, Анке Франсен, изјави дека има повеќе повредени. - Можеме да...

Во Белгија идентификуван уште еден напаѓач од Париз

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека идентификувал уште еден учесник во минатогодишниот терористички напад во Париз. „Истрагата покажала дека Сафијан Кајал се идентификува како Наџим Лашрау, роден на 18 мај 1991 година. Тој патувал во Сирија во февруари 2003 година“, стои во соопштението на обвинителството. Белгискиот министер за надворешни работи, Дидиер Рејндерс, вчера соопшти дека повеќе од 30 лица учествувале во ноемвриските терористички...

Отпечатоци од прсти на Абдеслам најдени во станот во Брисел

Белгиското федерално обвинителство денеска соопшти дека во станот во Брисел, кој беше цел на полициска операција оваа недела, биле пронајдени отпечатоци од прсти што му припаѓаат на главниот осомничен за париските напади во ноември минатата година, Салах Абдеслам, пренесува „Би-би-си“. „Можеме да потврдиме дека отпечатоци од прсти на Салах Абдеслам се најдени во станот во бриселската област Форест“, изјавил портпаролот...

Идентификуван убиениот напаѓач од Брисел, бил приврзаник на ИД

Напаѓачот кој вчера беше убиен во јужниот дел на Брисел е идентификуван како Мохамед Белкаид (35), државјанин на Алжир, кој нелегално престојувал во Белгија. Според наводите на обвинителот Тери Вертс, напаѓачот настрадал во престрелката со белгиската полиција. Во неговата куќа се пронајдени знаме на Исламска држава, „калашњиков“, како и салафистички книги. Белгиската полиција сè уште трага по двајца напаѓачи, кои се наоѓале во...

Брисел: Неутрализиран еден од напаѓачите, Абдеслам не бил мета

Еден од двајцата осомничени за денешниот напад на полицајците во Брисел е неутрализиран откако полициски хеликоптер го забележал во една од околните градини, јавува белгискиот весник ДХ. Напаѓачот бил вооружен со автоматска пушка. Белгиската и француската полиција покренаа голема потера против двајцата осомничени во Брисел, откако еден од нив со огнено оружје рани тројца полицајци за време на рацијата поврзана со...

Брисел: Уапсени две лица поради нападите во Париз

Две лица се уапсени во Брисел под сомнеж дека учествувале во ноемвриските терористички напади во Париз, во кои загинаа 130 лица. Белгискиот државјанин Закарие Ј. и Мароканецот Мустафа Е. се приведени под сомневање дека учествувале во организација на нападите во Париз, соопшти белгиската полиција. Осомничените се приведени за време на полициска рација во бриселскиот кварт Моленбек, каде претходно беа приведени исламски...

Белгија: Откриени скривалишта на напаѓачите од Париз

Белгиската полиција открила два стана и една куќа што ги користеле терористите неколку недели пред нападите во Париз, соопштија денеска истражителите. Напаѓачите закупиле стан во Брисел и уште еден во местото Шарлероа во септември минатата година. На почетокот од октомври изнајмиле куќа во Овеле, околу 55 километри јужно од Брисел. Сите три недвижности се закупени на една година и за тоа е платено во...

Белгиската полиција пронашла отпечатоци од напаѓачите од Париз

Белгиското федерално обвинителство денеска соопшти дека полицијата пронашла траги од експлозив, рачно направени појаси и отпечатоци од прсти од лицата што побегнале по терористичките напади во Париз. Трагите се пронајдени во стан во Брисел на 10 декември. Обвинителството соопшти дека станот во бриселскиот кварт Шербек бил изнајмен под лажно име и оти можеби го користеле и лицата што веќе се во притвор по...

Белгија го намали нивото на безбедност

Белгиските власти денеска го намалија засилениот степен на безбедност, воведен поради стравувањето од напади на милитантите во Брисел за време на прославата на Нова година. Белгискиот кризен центар, државно тело кое ја советува владата за безбедноста, соопшти дека статусот на предупредување за можни мети, како што се полицијата, војската и главниот плоштад во Брисел, е намален на второ ниво. Сепак, сеопштото...

Белгиската полиција уапси две лица кои планирале напади за Нова година

Две лица се уапсени од белгиската полиција во различни делови на земјата во неделата и во понеделникот, кои планирале напади во Брисел во пресрет на Нова година. За време на претресот во Брисел и во соседната провинција, како и во Лиеж, биле приведени на сослушување вкупно шест лица, но четворица подоцна биле ослободени. Полицијата открила воена облека и пропаганден материјал на...

Дефект во белгиската нуклеарна централа Доел

Еден од четирите реактори на нуклеарната централа Доел во Белгија денеска е изгаснат поради протекување топла вода, соопшти компанијата „Електрабел“, која управува со постројката. Протекувањето се случило во делот на генераторот за пареа, кој е одвоен од реакторот. Атомската централа Доел 3 се наоѓа северно од Антверп. Реакторот е исклучен неколку дена откако продолжи да работи по речиси двегодишна пауза поради...

Нови апсења во Брисел

Бриселската полиција почна нови акции на апсења во рамки на истрагата за нападите од 13 ноември во Париз и во Сен Дени, соопшти денеска главното обвинителство на Белгија. Едно лице е уапсено неделава, но обвинителството не откри повеќе детали за да не ги предупреди соучесниците. Повеќе детали ќе бидат откриени во текот на денот. Во понеделникот полицијата уапси пет лица за време на...

Белгиската полиција уапсила пет лица поврзани со нападите во Париз

Белгиските власти привеле пет лица, меѓу кои и двајца браќа, во дводневните акции во врска со ноемвриските терористички напади во Париз. Обвинителството соопшти дека две лица утрово се приведени во бриселскиот кварт Лакен. Полицијата синоќа претресла уште една куќа во Брисел и привела двајца браќа и еден нивни пријател. Анализа на телефонски податоци довела до вчерашната акција. При претресот не е пронајдено ниту...

Брисел: Уапсени две лица поврзани со нападите во Париз

Белгиската полиција спроведе рации во центарот на Брисел и уапси две лица поврзани со минатомесечните терористички напади во Париз, соопшти канцеларијата на белгиското државно обвинителство. Во рацијата, која се одвивала доцна синоќа и траела пет часа, во близина на самиот центар на Брисел, учествувале специјалци и силите на федералната полиција. - Двајцата мажи се доведени на сослушување – рече портпаролот на...

Белгија временски го ограничи траењето на бегалскиот статус

Белгиската влада денеска одлучи да стави крај на неограниченото траење на бегалскиот статус и да воведе рок од пет години за реевалуација. Според одлуката, миграциските служби по истекот на петте години ќе треба да проценат дали ќе го им го продолжат бегалскиот статус на лицата или ќе ги вратат во матичната земја, доколку таму се подобриле условите за живот.

Белгија: Уапсени две лица осомничени за нападите во Париз

Белгиските власти соопштија дека уапсиле двајца осомничени за терористичките напади во Париз. Претставник, кој побарал да остане анонимен, бидејќи се подготвува официјално соопштение, изјавил дека едно од лицата е приведено на националниот аеродром во Брисел, додека се обидувало да се качи во авион за Мароко. Според наводите на претставникот, уапсениот веќе двапати се обидувал да отпатува во Сирија. Другото лице е уапсено...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...