fbpx
Таг: Белгија

таг: Белгија

Намалена опасноста од напади во Брисел од највисоко четврто на трето ниво

Белгиските власти го симнаа нивото на опасност од напади во Брисел од максимално четврто на трето ниво, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извештаи од белгиските медиуми. Главниот град на Белгија речиси една недела беше под највисоко ниво на опасност поради сомнежи дека дел од осомничените за терористичките напади во Париз на 13 ноември се кријат во градот и дека е...

Евакуирана џамија во Брисел поради сомнително писмо

Една џамија во Брисел е евакуирана откако е пронајдено писмо со бел прав, поради што се појави сомнеж дека се работи за антракс. На местото на настанот се наоѓаат десетина противпожарни и полициски возила, а засега не е потврдено дали постои сериозна опасност од антракс. И други џамии во регионот на главниот град на Белгија добиле закани, особено џамијата „Моленбик-Сент-Жан“, каде на...

Белгија: Приведени уште пет лица

Белгиските власти денеска соопштија дека уште пет лица се приведени во полициската акција во Белгија. Со тоа бројот на приведените во неделата, кога во Брисел беше подигнато нивото на безбедност, се искачи на 21. Главниот осомничен, џихадистот Салах Абдеслам, кој учествувал во терористичкиот напад во Париз, сè уште е во бегство.

Полициски акции во Брисел – властите бараат да не се откриваaт позициите на специјалците

Белгиските специјални сили вечерва почнаа операции во Брисел, јавуваат локалните медиуми. Властите, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од полицајци, ја повикаа јавноста да не го пријавува нивното движење. Користејќи го хаштагот #BrusselsLockdown, белгискиот министер за одбрана, Стивен Вандепут, апелираше до јавноста на „Твитер“ да не јавуваат за нивното движење на социјалните мрежи. Veel pers, politie vraagt iedereen om verder weg...

Брисел: Вонредната состојба и понатаму на сила

Во Брисел втор ден по ред на сила се највисоките мерки за безбедност воведени по минатонеделните терористички напади во Париз. Улиците на белгиската престолнина се претежно празни, а полициската потрага по осомничениот напаѓач од Париз, Салах Абдеслам, продолжува. Белгискиот национален кризен центар вчера ги зголеми мерките за безбедност на поширокото подрачје на Брисел на четврто ниво, што означува „сериозна и...

Терористи подготвувале напади на Брисел слични на тие во Париз

Белгискиот премиер Шарл Мишел изјави дека терористи, по примерот на масакрот во Париз, подготвувале напади со оружје и самоубиствени напади на повеќе места во Брисел, поради што денеска е прогласен највисок степен на тревога. Мишел рече дека по итното заседание на Советот за национална безбедност е одлучено да се запре сообраќајот во бриселското метро и трамвајот кој оди под земја,...

Брисел: Степенот на опасност од терористички напади на највисоко ниво

Белгиските власти денеска посочија дека нивото на опасност од терористички напади во регионот на Брисел е на највисоко ниво, предупредувајќи на „особено сериозни“ и „непосредни закани“. Метрото ќе биде затворено до утре, а граѓаните се предупредени дека треба да ги избегнуваат масовните собири, вклучувајќи ги и трговските центри, се наведува во соопштението на власта. Предупредувањето за остатокот од Белгија останува на пониско ниво,...

Шест полициски рации во Брисел

Белгиската полиција спроведува рации на шест различни локации во Брисел, во обид да ги пронајде соработниците на Билал Хадфи, кој минатата недела изврши самоубиствен напад во Париз, соопштија од белгиското федерално обвинителство. Хадфи е идентификуван како еден од тројцата напаѓачи на стадионот во Париз. Белгискиот премиер, Шарл Мишел, најави нов пакет антитерористички мерки, додавајќи дека околу 400 милиони евра ќе бидат...

Кери: Милитантите на ИД се психотични монструми

Милитантите на Исламска држава (ИД) се психотични монструми, изјавил американскиот државен секретар, Џон Кери, кој денеска е во посета на Париз, на средба со францускиот претседател, Франсоа Оланд, јавуваат светските медиуми. Посетата на Кери на Париз, како што пренесува „Би-Би-Си“, е за да се демонстрира поддршката што Вашингтон му ја дава на својот клучен сојузик по терористичките напади. Претседателот Оланд вчера соопшти дека...

Кумановец депортиран од Белгија, уапсен поради силување

Триесет и едногодишен кумановец, поради нелегален престој во Белгија, вчера попладне бил депортиран на скопскиот аеродром „Александар Велики“, а по извршените проверки било утврдено дека тој бил баран во земјава поради силување, информира полицијата. „Околу 15 часот, на влез во Република Македонија, на граничниот премин на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, поради илегален престој од Белгија бил депортиран С.И. (31) од Куманово. По извршената...

Фатен напаѓачот на воената база во Белгија

Белгиската полиција денеска уапсила маж осомничен за напад со автомобил-бомба на воената база во близина на белгискиот град Намир, соопшти белгиското државно обвинителство. - Напаѓачот е штотуку уапсен. Важно е луѓето да се смират. Ништо не укажува дека некој друг бил вклучен во нападот – соопшти белгискиот државен обвинител Венсан Мак. Вооружениот и маскиран напаѓач денеска се обиде со автомобил да...

Обид за напад на воена база во Белгија

Маскирано лице се обидело да активира автомобил-бомба пред воена база во Белгија, јавуваат локалните медиуми. По неуспешниот обид да ја детонира бомбата, слушнати се истрели од огнено оружје. Белгискитe медиуми јавуваат дека маскираното лице, кое е во бегство, се обидело да ја активира бомбата пред главната порта на базата Флавин во Белгија. Според првичните извештаи, силите што го чувале влезот на базата веднаш...

Штрајкот на синдикатите го блокираше Брисел

Илјадници демонстранти го блокираа сообраќајот во Брисел, барајќи подобри услови за работа. Иако генерален штрајк не е формално прогласен, повикот на коалицијата на белгиските синдикати наиде на масовен одѕив, а на протестот против мерките за штедење што владата планира да ги воведе, се приклучија и вработените од градското сообраќајно претпријатие, чиј превоз е запрен. Не работат и многу школи и државни...

Млекарите го блокираа Брисел

Голем број трактори, кои пристигаат на масовниот протест на произведувачите на млеко, најавен за денеска, во текот на ноќта го парализираа Брисел, а главните сообраќајници се затворени. Белгиските млекари, кои протестираат поради ниската цена на млекото, планираа да донесат 5.000 трактори, а доаѓањето на првата група машини веќе предизвика затворање на главните тунели и авении што водат кон центарот на градот. Млекарите...

На белгиско пристаниште запленет 1,5 тон кокаин

Најмалку 1,5 тон кокаин е запленет на белгиското пристаниште Антверпен, во акција реализирана во соработка со француската царина, соопштија белгиските власти. Со заеднички операции на белгиската и на француската царина, запленети се 485,5 килограми кокаин на 2 јуни, 534,8 килограми на 29 јули и 535,8 килограми од таа дрога на 18 август. Вкупната вредност на запленетиот кокаин на црниот пазар изнесува околу...

Заев на средба со амбасадорите на Белгија, Германија и на Франција

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката, Радмила Шекеринска, и од генералниот секретар, Оливер Спасовски, денеска се сретнал со амбасадорките на Кралството Белгија, Аник Ван Кастлер, на Република Германија, Кристине Алтхаузер, и на Република Франција, Лоренс Оер. На средбата, како што се наведува во соопштението од партијата, било разговарано за очекувањата за можно придвижување на разговорите меѓу политичките субјекти...

Белгија ќе ни помогне ако се поправи состојбата во медиумите и во судството

Македонија, земја во криза, се надева на мала помош од Белгија, пишува денеска белгиската информативна агенција „Белга“, по посетата на шефот на белгиската дипломатија Дидие Рејндерс. „Белга“ информира за политичката криза во државата, потсетувајќи дека власта и опозицијата „комуницираат само преку јавни обвинувања, чија сериозност не само што ги урива институциите на државата, туку ја загрижи и самата Европска унија“. Агенцијата...

Средба Груевски – Рејндерс

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс. На средбата беа поздравени одличните билатерални односи помеѓу двете земји, кои се развиваат во духот на пријателството и на меѓусебното почитување, како и интензивирањето на соработката во сферата на економијата и на трговската размена. Во таа насока беше констатирано дека постои солидна основа за...

Рејндерс: Ние сме подготвени да помогнеме

За Белгија пораката е јасна, се очекува напредок, а патот треба да го поминеме заедно. За да се постигне тоа, треба да се продолжи политичкиот дијалог и опозицијата да се врати во Собранието, истакна на денешната прес-конференција во Скопје белгискиот вицепремиер и шеф на дипломатија, Дидие Рејндерс. Според него, расположението во ЕУ и во Белгија особено, е да ѝ се...

Министерот за надворешни работи на Белгија во посета на Македонија

Заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Белгија, Дидие Рејндерс, во рамките на официјалната посета на Македонија, денеска ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Рејндерс, според најавите, ќе биде примен и од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...