fbpx

Штрајкот на синдикатите го блокираше Брисел

-

Илјадници демонстранти го блокираа сообраќајот во Брисел, барајќи подобри услови за работа. Иако генерален штрајк не е формално прогласен, повикот на коалицијата на белгиските синдикати наиде на масовен одѕив, а на протестот против мерките за штедење што владата планира да ги воведе, се приклучија и вработените од градското сообраќајно претпријатие, чиј превоз е запрен.

Не работат и многу школи и државни претпријатија, бидејќи и учителите се приклучиле на штрајкот, а многу службеници не успеале да стигнат на работа.

Планирана е поворка на учесниците во протестот, кој се одвива под слоганот „Нема само трошки“, а за попладне е закажан завршен митинг во центарот на Брисел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...