fbpx

Милошоски: Законот во мирување, СДСМ ги кочи преговорите

-

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција во Собранието, рече дека попладнево ќе продолжат преговорите на работните групи. Тој вели дека преговорите се прилично напорни и дека има многу различни позиции, по различни прашања, а тоа што ги прави посложени се одредени стојалишта на некои политички партии кои многу често се менуваат.

На пример, како што посочи Милошоски, во текот на вчерашниот ден имало брзо менување на ставот на СДСМ, кои се откажале од активна регистрација на гласачите, како еден од нивните услови за пречистување на избирачкиот список.

– Го искористија вчерашното поднесување на законот за забрана на објавување на прислушуваните материјали како изговор за застој на преговорите. Но, откако се договоривме законот да биде отворен за разгледување и за доработка, за амандмани од опозицијата и за некои обврски преземени од ХЛАД, а поврзани со таканаречените „свиркачи“, тогаш се откочи расправата. Повторно заглави на првата и најважна точка за СДСМ, а тоа е прочистувањето на избирачкиот список. Дали денеска тоа ќе овозможи некоја нова позиција или напредок во преговорите, останува да видиме – изјави Милошоски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...