fbpx

Мукоски: Во СДСМ функционираат како пишман-аџии

-

Потпретседателката на Собранието, Рената Треневска-Десковска од СДСМ, на денешната пленарна седница рече дека типичен производ на режим е вчерашниот закон за забрана на објавување на „бомбите“, кој бил потпишан од еден координатор и од еден заменик-координатор.

Одговарајќи на обвинувањата, пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е еден од подносителите на законот, рече дека тој е задоволен од предлогот и стои зад него.

– Такво решение треба да постои. Исто како и СДСМ, и ние сме во контакт со граѓаните и тие бараат да се донесе ваков закон. Донесовме закон за Специјално јавно обвинителство, избравме специјален јавен обвинител и логично е дека сите материјали требало да му се достават нему. Но, од СДСМ, иако ветија, функционираат како пишман-аџии, ќе дадат збор и потоа го повлекуваат – рече Мукоски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...