fbpx

Брисел: Степенот на опасност од терористички напади на највисоко ниво

-

Белгиските власти денеска посочија дека нивото на опасност од терористички напади во регионот на Брисел е на највисоко ниво, предупредувајќи на „особено сериозни“ и „непосредни закани“.

Метрото ќе биде затворено до утре, а граѓаните се предупредени дека треба да ги избегнуваат масовните собири, вклучувајќи ги и трговските центри, се наведува во соопштението на власта.

Предупредувањето за остатокот од Белгија останува на пониско ниво, но и понатаму е сериозно.

Брисел бил дом на осомничените извршители на минатонеделните терористичките напади во Париз, јавува „Би-Би-Си“.
Полицијата и да понатаму трага по Салах Абдесалам, за кој се верува дека се вратил во Белгија.

Советот за безбедност на ОН вчера едногласно усвои резолуција за двојно зголемување на акциите против Исламска држава, по минатонеделните напади во францускиот главен град, во кои загинаа 130 лица.

Француските власти подготвија документ во кој ги повикаа членките на ОН да ги преземат сите неопходни мерки во борбата против ИД, која ја презеде одговорноста за маскарот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...