fbpx
Таг: Белгија

таг: Белгија

Заменик-премиерот на Белгија в понеделник во Скопје

Во официјална посета на Македонија, в понеделник ќе претстојува заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс. Тој доаѓа на покана од шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски. Како што соопшти МНР, покрај средбата со неговиот домаќин Попоски, Рејндерс ќе биде примен од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, од премиерот Никола Груевски, а ќе одржи средба и...

Белгија: Четворица уапсени при антитерористичка акција

Четири лица се уапсени за време на антитерористичката акција на белгиската полиција, при која се претресени 22 објекти, соопшти денеска јавното обвинителство на Белгија. Белгиските медиуми јавуваат дека не е пронајдено оружје за време на операцијата, која беше спроведена во Брисел, Антврепен и во неколку помали градови и која имаше цел да ја разбие мрежата за регрутирање борци за боиштата...

И војската ѝ помага на белгиската полиција

Околу 300 војници денеска се распоредени низ Белгија да ги надгледуваат објектите што би можеле да бидат цел на терористички напади, вклучително и објектите во пристанишниот град Антверпен, пренесуваат белгиските медиуми. Белгискиот премиер, Стивен Вандепут, денеска во интервју изјави дека војниците надгледуваат одредени амбасади и неколку згради во еврејскиот кварт во Антверпен. Белгија го крена нивото на предупредување од терористички напади на трето...

Белгија: Полицијата била мета на убиените осомничени џихадисти

Сè уште тече истрагата во џихадистичките кругови во Белгија по вчерашниот упад во пекарница во градот Вервие, во кој, наводно, се криеле џихадисти вратени од Сирија. Полицијата во акцијата уби две лица, кои сè уште не се идентификувани. Третото лице беше приведено, неговиот идентитет не се открива, но тој ги отфрла сите обвинувања за инволираност во какви било планирани напади...

20 терористички ќелии подготвуваат напади во Европа

Околу 180 лица од најмалку 20 терористички ќелии, кои допрва треба да бидат активирани, се подготвени да извршат терористички напади во Франција, Германија, Белгија и во Холандија, јавува американската телевизиска мрежа „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на западни разузнавачки извори. Разузнавачките агенции од ЕУ и тајните служби од Блискиот Исток откриле дека постои „непосредна опасност“ за напад во Белгија, но и во...

Заврши антиџихадистичката акција во Белгија, двајца убиени и повеќе уапсени

Две лица се убиени, а повеќемина се уапсени во рамки на атитерористичката акција на белгиските служби која утринава заврши, соопшти денеска министерот за надворешни работи, Дидие Рејндерс. Белгиската полиција синоќа изврши серија рации во Брисел, Ајндховен и во Вервие, при што е разбиена џихадистичка група што подготвувала напад. За време на рацијата во Вервие, осомничените отвориле оган, при што полицијата убила двајца...

Земјоделци го блокираа Брисел

Белгиските фармери изутринава, со тешка земјоделска машинерија, го блокирааат плоштадот Шуман во Брисел, каде се наоѓа седиштето на повеќето европски институции. Кон протестот против мерките за штедење на земјоделците, кој беше планиран за вториот ден од самитот на лидерите од земјите-членки на ЕУ, се приклучија и антиглобалистите, кои се противат на склучување трансатлантски трговски договор меѓу ЕУ и САД. Самитот неочекувано...

Заврши заложничката драма во Белгија

Белгиската полиција уапси тројца мажи кои држеа заложник во станбена зграда во градот Гент. Заложникот е ослободен и не е повреден. Уште не е јасно зошто уапсените го зеле заложникот, но сепак не станува збор за терористички чин, соопшти портпаролката на полицијата, Анемеи Серлипенс. Четворица мажи денеска упаднаа во станбен блок во работничкиот кварт во Гент, по што полицијата презеде засилени...

Белгија: Полицијата блокира станбен објект во Гент

Полицијата утринава блокираше станбен блок во белгискиот град Гент, откако е забележано дека во него влегле четворица вооружени мажи, јавуваат белгиските медиуми. Засега не е познато кој се вооружените лица и какви им се намерите, а полициските сили го затвориле сите приоди кон блокот. Исто така, нема податоци дали во зградата има заложници. Полициските служби засега не соопштуваат ништо официјално. Во...

Вељаноски се сретна со белгиската амбасадорка

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Белгија за Македонија со седиште во Софија, Аник ван Калстер. Како што соопштија од кабинетот на Вељаноски, двајцата соговорници изразија задоволство за остварената средба со желба за продлабочување на соработката на повеќе области. Претседателот на Собранието на средбата ја запозна амбасадорката Ван Калстер со моменталната состојба...

Емигрирањето во Белгија би можело да чини 225 евра

Белгискиот државен секретар за азил и за миграција, националистот Тео Франкен, ги појасни плановите на неговата влада да го наплаќа правото на престој на имигрантите на белгиска територија, а, според него, тоа ќе чини 225 евра. Доколку имигрантот одбие или не може да ја плати оваа сума, тој ќе се соочи со „многу тешка санкција“ и тоа итно истерување од територијата,...

Имигрантите во Белгија ќе плаќаат право на престој

Државниот секретар за азил и за миграција на новата белгиска влада, Тео Франкен, најави дека се подготвува нов закон, според кој, новите имигранти – студенти, работници, или роднини на членови на семејства веќе етаблирани во Белгија – наскоро ќе плаќаат право на престој доколку сакаат да емигрираат во оваа држава. Франкен ова го најави во интервју за белгискиот печат и...

Белгиските власти ја обвинија банката „Ха-Ес-Бе-Це“ во Швајцарија за даночна измама

Банката „Ха-Ес-Бе-Це“ (HSBC) во Швајцарија вршела даночни измими, обинија властите во Белгија, така што придонесувала богатите Белгијци да ги кријат приходите и да избегнуваат оданочување. На тој начин Белгија била оштетена со стотици милиони евра. Според нивните информации, даночните измами биле извршени преку офшор-компании со седиште во Панама и на Девствените Острови. Во октомври, полицијата во Белгија изврши претреси во домовите на 20...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...