Белгија: Полицијата блокира станбен објект во Гент

Полицијата утринава блокираше станбен блок во белгискиот град Гент, откако е забележано дека во него влегле четворица вооружени мажи, јавуваат белгиските медиуми.

Засега не е познато кој се вооружените лица и какви им се намерите, а полициските сили го затвориле сите приоди кон блокот. Исто така, нема податоци дали во зградата има заложници. Полициските служби засега не соопштуваат ништо официјално.

Во Белгија денеска има генерален штрајк и движењето е отежнато бидејќи железничкиот и авионскиот сообраќај не функционираат, додека движењето по улиците е отежнато поради барикадите кои штрајкувачите ги поставија на стратешките раскрсници.