fbpx

Фатен напаѓачот на воената база во Белгија

-

Белгиската полиција денеска уапсила маж осомничен за напад со автомобил-бомба на воената база во близина на белгискиот град Намир, соопшти белгиското државно обвинителство.

– Напаѓачот е штотуку уапсен. Важно е луѓето да се смират. Ништо не укажува дека некој друг бил вклучен во нападот – соопшти белгискиот државен обвинител Венсан Мак.

Вооружениот и маскиран напаѓач денеска се обиде со автомобил да ја пробие оградата на воената база во Белгија, при што се истрелани неколку куршуми, иако никој не е повреден, соопшти обвинителството.

Напаѓачот, кој на главата има таканаречена фантомка, се обидел да изврши напад со автомобил-бомба во близина на градот Намир, јужно од Брисел, каде се наоѓаат воени бараки.

Локалните медиуми наведуваат дека напаѓачот во еден момент отворил оган врз војниците, кои веднаш возвратиле.
Мажот успеал да побегне, а неговиот автомобил, во кој наводно е пронајден експлозив, пронајден е нешто подоцна во предградие на Намир.

Мотивот за нападот засега не е познат, наведе белгиското обвинителство.

Во воената база во која се извршен нападот се стационирани 650 војници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...