fbpx

Заев на средба со амбасадорите на Белгија, Германија и на Франција

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката, Радмила Шекеринска, и од генералниот секретар, Оливер Спасовски, денеска се сретнал со амбасадорките на Кралството Белгија, Аник Ван Кастлер, на Република Германија, Кристине Алтхаузер, и на Република Франција, Лоренс Оер.

На средбата, како што се наведува во соопштението од партијата, било разговарано за очекувањата за можно придвижување на разговорите меѓу политичките субјекти кон преговарачки процес за специфичната политичка клима и за длабоката политичка криза во Република Македонија.

– Преодна влада е решение за актуелната ситуација во Македонија, а со тоа и за проблемите на кои во повеќе извештаи наназад укажуваат Европската комисија, ОБСЕ/ОДИХР и други меѓународни институции и организации. Тие напластени проблеми, особено партизацијата на државниот систем и контролата на судството и на медиумите од актуелната власт, ја кулминираат кризата. Единствено решение за нормализација на државата е влада во која нема да учествуваат директните креатори на кризата – рече Заев.

Амбасадорите, како што наведуваат во соопштението, изразиле загриженост за состојбите во Македонија.
На средбата била нагласена потребата од кредибилни институции во интерес на граѓаните и на евроатлантската перспектива на Македонија, како и од политики во насока на државна и на регионална стабилност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...