fbpx

Полициски акции во Брисел – властите бараат да не се откриваaт позициите на специјалците

-

Белгиските специјални сили вечерва почнаа операции во Брисел, јавуваат локалните медиуми.

Властите, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од полицајци, ја повикаа јавноста да не го пријавува нивното движење.

Користејќи го хаштагот #BrusselsLockdown, белгискиот министер за одбрана, Стивен Вандепут, апелираше до јавноста на „Твитер“ да не јавуваат за нивното движење на социјалните мрежи.

„Од безбедносни причини, ве молиме за молк на социјалните мрежи во врска со тековната полициска акција“, соопшти портпаролот на полицијата на „Твитер“. Неколку улици во центарот на Брисел се блокирани со полициски кордон, додека голем број полицајци се распоредени во општината Етербик, во близина на главниот град. „Полицијата побара од многумина да се оддалечат од местото што е можно подалеку, без притоа да даде какво било објаснување“, напиша репортерот на ВРТ на „Твитер“, објавувајќи фотографија од вооружен полицаец на улица.

Хеликоптери надлетуваат врз одредени делови на Брисел.

Белгиското министерство за внатрешни работи, исто така, побара и од медиумите да не даваат прецизни информации за локациите на специјалците.

Највисокиот степен на опасност ќе остане и утре на сила, соопштија од кабинетот на белгискиот премиер, додавајќи дека постојат сериозни информации дека се подготвувале координирани напади врз Брисел, слични на тие од Париз.

Брисел се најде во центарот на истрагата за нападите во Париз, откако се откри дека неколку од напаѓачите пристигнале во француската престолнина преку Белгија. Еден од напаѓачите се претпоставува дека се вратил во Белгија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...